Ѓавол: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Mercy (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 77.29.74.163 (разговор), вратено на последната верзија на Brest-bot
Ред 15:
 
Ѓаволот е митолошко зло суштество чија примарна активност е да ги нагонува луѓето на грев, неговите активности се зли, насочени против човекот и Бога. Кај нашите народи ѓаволот се ословува со најразлични имиња, старословенскиот термин за ѓаволот бил враг, како можност за едно од неговите први имиња е и бес.
 
== Божественото потекло ==
Според преданијата во рајот каде што живеел Господ со своите ангели најстариот од нив посакал да му ја преземе власта и неговата моќ, на Господ најмилиот. Во тој обид кон него се приклучиле уште некои [[ангели]], но Господ им ја знаел намерата па ги изгонил од рајот, најгрешните ги фрлил во пеколот, а помалку виновните ги отфрлил во вселената да скитаат, а оние кои биле нерешителни ги пратил на земјата. На тој начин од првобитните ангели настанале трите вида на ѓаволот: ѓаволи во пеколот; ѓаволи во вселената, кои се движат со ветриштата и ѓаволите на земјата кои народот ги нарекувал нечастиви. Според други верувања, кога Господ ги создал Земјата, небото и останатите небесни тела почувствувал здодевност. Гледајќи го сопствениот лик во водата посакал да има друштво па го оживотворил сопствениот лик. Но новото бите почнало да се меша во неговите работи и да му го расипува создаденото. Тогаш Господ го создал човекот, како антипод на претходно создаденото битие. Во своето непријателство и омраза кон Бога ѓаволот се свртел против човекот кој е божјо дело, постојано се обидува да ги сврти луѓето против бога за да ги искористи во одлучувачката војна против него.
 
Според богомилското дуалистичко поимање на светот ѓаволот бил син на Господ [[Сатанаил]] (Бугарија), [[Натанаил]] (Србија), а ангелите биле негови поданици. Ангелите му плаќале данок на Господа во жито и масло, неговиот син посакувајќи ја власта и моќта на Господ ги подговорил ангелите да се кренат против него, за таа цел тој и даноците им ги намалувал, тврдејќи дека татко му ги оштетува. Но Господ дознал за заверата, ја одзел светлината и делумно моќта на синот свој, и со неговите истомисленици го прогнал на земјата која во тоа време била само вода. Во Јованово евангелие (19) за овој настан се вели: “...Го преобрази поради неговата самољубивост: светлината му беше одземена, лицето му доби боја како вжештено железо и заличи целосно на човечкото лице. Со опашката тој повлече третина од божјите ангели...” По паѓањето на земјата тој прво создал почва, зашто моќта за творечката дејност не му била одземена. Според богомилското верување, тој со помош на своите ангели ја создал месечината, ѕвездите, дождот, снегот, громот и останатите временски промени, на земјата ѝ наредил да создаде животни и растенија. Според преданието од малоазиските богомили (фундагиагити) при прогонството од небесното царство Сатанаил ги украл двете нешта создадени од Бога, сонцето и човечката душа. Сатанаил создал човек кој личел на него со помош на ангелите од третото небо. Во текстот ‘[[Паноплија догматика]]’ од Ефтимиј Зигабен описот на ова дело е следен: ‘Потоа Сатанаил го создал телото на [[Адам]] од прстот, водата и прават. Од него истекла вода низ десната му нога и се прелеала врз големиот прст па се пролеала врз земјата. Од неа настанала змија.Сатанаил си го собрал здивот и вдахнал живот на телото создадено од него...’
 
== Изглед ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ѓавол