Симонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 7:
Канонскиот закон на [[Римокатоличка црква|Католичката црква]] за симонија ги сметал и дела неповрзани со продажба на титули и позиции, туку со продажба на духовна власт: продажба на прилози, земање наплата за исповед, опрост на гревови, венчавање или погреб, како прикривање на смртен грев или примање назад во црквата на непокајници поради материјална полза. Дефинирањето на тоа што спаѓа или не спаѓа во симонија било прецизно правно одредено: според еден коментатор, доказ за тоа дека симонијата била широко раширена практика е бројот на зачувани еклиесиастички пресуди за тоа што е или не е симонија.
 
Симонијата има многу наштетено на моралниот углед на Римската католичкаРимокатоличката црква. [[Данте Алигиери]] ги сместува симонистите во осмиот круг на Пеколот во неговата [[Божествена комедија]]. Тој раскажува за средба со [[Папа Никола III|Папата Никола III]] кој е закопан со главата надолу, додека стапалата му се полеани со врело масло, како во божемно крштевање. Данте пишувал и дека на неговите современици Папата Бонифаче VIII и Климент VI ги чека истата судбина заради истиот грев. Писателите од раната ренесанса, како [[Николо Макијавели]] и [[Еразмо]] ја осудувале симонијата, додека [[Блез Паскал]] го нападнал нерационалниот начин на кој се бранеле обвинетите за симонија.
 
==Англиканска црква==