Македонски народен сојуз: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Македонски народен сојуз''' (МНС) е поранешна прогресивна организација на македонските емигранти во [[Северна Америка]], чија главна цел е борбата за ослободување и обединување на [[Македонија]] каково независна државарепублика, која како рамноправен член ќе се вклучи во идната [[Балканска федерација]] на македонскиотслободни народбалкански народи.<ref>[http://www.maticanaiselenici.com/?page=read_news&id=653&PHPSESSID=fb3355884 „Националниот дух на македонската дијаспора“]</ref>
 
Темелите на МНС се поставени во куќата на илинденскиот војвода [[Смиле Војданов]], во градот [[Понтијак]] ([[Мичиген]]), во [[1929]] год. Тогаш е формирана првата независна македонска група во [[САД]]. По формирањето на повеќе вакви групи во други американски градови ([[Толедо]], [[Детроит]], [[Гери]]...) на 22 и [[23 март]] [[1930]] во Толедо (Охајо) е одржана Првата конференција на македонските независни групи. За претседател на централното раководно тело е избран Смиле Војданов, а за секретар [[Георги Пирински (постариот)|Георги Пирински]].
 
Со нараснување на бројот на групите и нивното членство се јавува потребата од нивно потесно поврзување за поуспешна соработка во постигнувањето на заедничките цели. Првиот редовен конгрес за обединување на групите е одржан од '''24 до [[26 април]] [[1931''']] во Гери (Индијана), и оттогаш сите групи се обединуваат под заедничкото име '''Македонски народен сојуз''' (Macedonian People's League). Смиле Војданов е избран за претседател на новоформираниот сојуз, а Георги Пирински за национален секретар.
 
Веднаш по формирањето, МНС воспоставува соработка со бројни прогресивни организации од левицата[[левица]]та во САД и Европа. За време на [[Шпанска граѓанска војна|Шпанската граѓанска војна]], МНС ја поддржува и републиканската влада во [[Шпанија,]] паи од своите редови испраќа шест доброволци во одбрана на шпанската демократска власт од фашистичката агресија.
 
Во текот на [[Втората светска војна]] организацијата се ангажира за изнаоѓање начини за издејствување на слободата и обединувањето на Македонија. Веднаш по војната, целта му е прибирање помош за настраданите од воените дејства.
 
Поради отворената поддршка на левицата во САД и Европа, МНС наидува на пречки во своето дејствување. За да ги избегне етикетирињата како лeвичарска организација, што е сосема непопуларно, дури и опасно во времето на антикомунистичката хистерија во САД, МНС се прилагодува на новонастанатите околности. Така, во [[1938]] год. МНС е преименуван во Македонско-американски народен сојуз (Macedonian-American People's League), а од канадскиот дел на МНС е основан Македонско-канадски народен сојуз (МКНС). Соработката меѓу МАНС и МКНС останува иста, а поделбата е чисто формална. Во својата работа МАНС и МКНС се свртуваат повеќе кон решавање на проблемите на своите членови. И покрај преименувањето во МАНС, кое е поради избегнување на притисоците, организацијата и понатаму останува позната како Македонски народен сојуз.
 
Со започнувањето на [[Студена војна |Студената војна]] помеѓу довчерашните сојузници, САД и СССР, во САД се шири антикомунистичка хистерија и илјадници Американци се обвинувани за членство во забранетата [[Комунистичка партија на САД]], или за нејзина поддршка. Тогаш, бројни организации во САД се обвинети за „субверзивност против американското општество“ и „соработка со непријателот“.
 
Последниот (деветнаесеттиот) редовен Конгрес на МАНС е одржан во септемвисептември [[1949]]. Потоа, со решение на државниот обвинител на САД, МАНС е распуштен и со тоа престанува неговата работа.
 
Во текот на своето постоење, како МНС или МАНС, организацијата непоколебливо стои на јасниот став дека Македонија може и треба да постои како независна држава на македонскиот народ, кој е посебен од соседните балкански народи.
 
Подоцна, традициите на МНС/МАНС ќе ги продолжи организацијата [http://www.unitedmacedonians.org Обединети Македонци] (United Macedonians) формирана во [[Торонто]], во [[1959]] година.
 
== Извори ==
<references />
 
[[Категорија: Македонски организации во дијаспората]]