Лазар Мојсов: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
Докторирал на Правниот факултет во [[Белград]]. Учествувал во [[Втора Светска војна|Втората Светска војна]] како [[Партизани (Југославија)|партизан]] и продолжил да се издига како функционер во [[Комунистичка Парија на Југославија|КПЈ]] по [[1945]]. Бил главен правозастапник за [[Социјалистичка Република Македонија]] од [[1948]] до [[1951]]. За време на следните две декади, бил пратеник во собранијата на [[СРМ]] и [[СФРЈ]].
 
Во меѓувреме, Мојсов започнал дипломатска кариера како југословенски амбасадор во [[СССР]] и [[Монголија]] од [[1958]] до [[1961]] и [[Австрија]] од [[1967]] до [[1969]]. Од [[1969]] до [[1974]] служел како југословенски амбасадор во [[Обединети Нации|Обединетите Нации]], [[Гвајана]] и [[јамајкаJамајка]].
 
Од [[1974]] до [[1982]] бил заменик Министер за надворешни работи на Југославија, а од [[1977]] до [[1978]] бил претседател на [[Генерално Собрание на Обединетите Нации|Генералното Собрание на Обединетите Нации]]. Од [[1980]] до [[1981]], бил претседавач на Президиумот на Централниот Комитет на [[Сојуз на комунистите на Југославија|Сојузот на комунистите на Југославија]], а од мај [[1982]] до мај [[1984]] бил Министер за надрорешни работи. Од [[1984]] до [[1989]] членувал во заедничкото претседатество за Југославија каде бил претседател (на Југославија) од [[1987]] до [[1988]].