Милован Ѓилас: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: cs:Milovan Džilas
с Бот Менува: cs:Milovan Djilas; козметички промени
Ред 2:
'''Милован Ѓилас''' (Подбиште, [[Црна Гора]], [[4 јуни]] [[1911]] – [[Белград]], [[20 април]] [[1995]]) е поранешен комунистички раководител на [[СФРЈ|СФР Југославија]] и најпознат [[дисидент]] од поранешна Југославија.
 
== Комунист ==
 
Во [[КПЈ]] се зачленува во [[1933]] година. Набрзо настанува голема провала при што се уапсени голем број комунисти, вклучително и Ѓилас. Осуден е на пет година робија и е затворен во затворот во [[Сремска Митровица]]. Поради здравствени причини, во [[1936]] година е помилуван и пуштен на слобода.
Ред 14:
Сепак, по Резолуцијата на [[Информбиро]]то и откако КПЈ се реши да раскине со своето [[сталинизам|сталинистичко]] минато, Ѓилас станува еден од најголемите поборници на новиот курс. Заедно со [[Борис Кидрич]] го „пронаоѓа“ [[самоуправување]]то кај [[Маркс]] и пополека почнува да еволуира од еден од најригидните водачи на југословенската комунистичка партија во најслободноумниот член на тогашното раководство на КПЈ. Од тоа време потекнуваат неговите брошури „Ленин за односите помеѓу социјалистичките држави“ и „Современи теми“, во кои врши остра критика на сталинизмот, врз основа на тезата дека сталинизмот дегенерирал од [[ленинизам|ленинизмот]].
 
== Дисидент ==
 
Понесен од критиката на сталинизмот и од позитивните ефекти што критиката на СССР ја имаше врз состојбата со слободата на мислата во Југославија, Ѓилас во [[1953]] година преминува од критика на советскиот комунизам на критика на југословенскиот комунизам. Од октомври 1953 година до јануари [[1954]] година, тој пишува серија колумни во „Борба“ во кои се залага за либерализација на партијата и државата и за воведување на [[повеќепартиски систем]], а во својот сатиричен расказ „Анатомија на еден морал“, објавен во истиот период, ја критикува дволичноста што владеела во редовите на комунистичкото раководство во земјата. [[Тито]] и останатото раководство на Партијата негативно реагира на неговите написи. На Третиот пленум на СКЈ одржан на [[16 јануари|16]] и [[17 јануари]] [[1954]] година, Ѓилас е повикан да се откаже од своите ставови. Тој одбива така што постапи, поради што е обвинет за „анархолиберализам“ и е отстранет од власта.
Ред 20:
Во [[1955]] во [[САД]] е објавена неговата книга „Нова класа“ во која тврди дека во Југославија и во останатите комунистички земји се кристализира нова владејачка класа. Поради ставовите изнесени во оваа книга Ѓилас е осуден на три години затвор и е затворен во Сремска Митровица. Пуштен е на слобода во [[1958]], но не се откажа од своите ставови, главно застапувајќи [[демократски социјализам|демократско-социјалистички]] позиции. Во [[1966]] му е дозволено да емигрира од Југославија. Се враќа во Југославија по падот на комунистичкиот систем.
 
== Творештво ==
 
* „Современи теми“ (1950)
* „Нова класа“ (1955)
* „Разговори со Сталин“ (1962)
* „Несовршено општество“ (1969)
* „Дружење со Тито“ (1981)
* „Падот на новата класа“ (1998)
 
== Литература ==
* Momčilo Đorgović "Đilas: vernik i jeretik"
* Vladimir Dedijer "Veliki buntovnik Milovan Đilas: prilozi za biografiju"
* Miodrag Milić "Radjanje Titove despotije: prilog fenomenologiji jugoslovenske revolucije"
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.marxists.org/makedonski/gilas/index.htm Архива на Милован Ѓилас на македонски јазик]
 
[[Категорија:Црногорци|Ѓ]]
Ред 43:
[[bg:Милован Джилас]]
[[ca:Milovan Djilas]]
[[cs:Milovan DžilasDjilas]]
[[de:Milovan Đilas]]
[[en:Milovan Đilas]]