Цветан Тодоров: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 11:07, 16 ноември 2006

ТОДОРОВ/ТОДОРОВ, Цветан (1939), француски книжевен теоретичар и критичар од бугарско потекло; структуралист и семиолог. По делото Теорија на книжевноста. Текстови на руските формалисти (1966), ја објавил и книгата Книжевност и значење (1967) во која поетиката ја дефинира како наука за книжевниот дискурс, додека условите што ја овозможуваат ги проучува во Теории на симболите (1977), критичка анализа на теориите на Аристотел, Августин, Такит, Дидро, Лесинг, Гете, Фројд, Де Сосир... Други дела: Вовед во фантастичната книжевност, Поетика на прозата, Енциклопедиски речник на науките за јазикот (со Освалд Дикро), Симболизам и интерпретација, Прашање на другиот, Критика на критиката.