Невронаука: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: == Наука за нервниот систем == Науката за нервниот систем претставува научното проуч...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Викифицирање}}
 
{{Внимание}}
 
== Наука за нервниот систем ==
 
Науката за нервниот систем претставува научното проучување на невниот систем. Традиционално, науката за нервниот систем е гранка на биологијата.Меѓутоа таа во моментов е интердисциплинарна наука која вклучува други дисциплини како што се когнитивна- и невропсихологија, компјутерски науки, статистика, физика, филозофија и медицина. Како резултат на тоа, се проширува полето на примената на науката за нервниот систем со вклучување на различни пристапи кои ги изучуваат молекуларните, развојните, структурните, функционалните, еволутивните, квантитативните и медицинските аспекти на нервниот систем. Техниките што се користат од невронаучниците се доста проширени од биофизичкото и молекуларното учење на поединечните нервни клетки, до претставување на перцептивните моторни задачи во мозокот. Неодамнешните теоретски напреднувања во науката за нервниот систем се употребуваат за користење на компјутерско моделирање на нервните мрежи. Терминот невробиологија обично може да се замени со терминот наука за нервниот систем, каде што претходниот се однесува на биолгијата на нервниот систем, а додека пак вториот се однесува на целата наука на нервниот систем. Со оглед на зголемениот број научници кои што го изучуваат нервниот систем, формирани се неколку важни организации за оваа наука, за обезбедување на форум на сите невронаучници и подучувачи. На пример, Меѓународната организација за мозочно испитување беше основана во 1960 -та, Европската заедница за механизмите на мозокот и однесувањето основана во 1968г, и Заедница за наука на нервниот систем во 1969г.