Разлика помеѓу преработките на „Манко Капак“

Додадени 840 бајти ,  пред 10 години
 
Според овој мит, Мако Капак бил син на богот на сонцето [[Инти]] и [[Мама Квила]] и брат на [[Пача Камак]]. Мако Капак бил прославуван како оган и бог на сонцето. Исто така, Манко Капак и негови пријатели биле испратени на земјата од страна на богот на сонцето и излегле од пештерата во Пакаритамбо носејќи златен предмет наречен ''тапак-јаури''. Тие требале да изградат храм на богот на сонцето на местото каде ќе се зарил самиот златен предмет. Местото било во [[Куско]].
 
==Легендата Виракоча==
 
Според легендата Виракоча, Манко Капак бил син на [[Виракоча]]. Тој и неговите браќа [[Ајар Анка]], [[Ајар Качи]] и [[Ајар Учу]] и неговите сестри [[Мама Окло]], [[Мама Хуака]] и [[Мама Кура]] живееле во близина на [[Куско]] и тие го обединиле народот со околните народи за да ја освојат долината на Куско. Исто така, во оваа легенда има златен предмет, но за разлика од останатите, во оваа легенда Манко Капак ги убил своите браќа и станал прв [[Сапа Инка]].
 
==Видете исто така==