Разлика помеѓу преработките на „Црква „Св. Пантелејмон“ - Горно Нерези“

нема опис на уредувањето
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Податотека:Church of St. Panteleimon (Nerezi).jpg|мини|десно|150п230п|Поглед на цркватѕа во рамки на манастирот]]
Mанастирот "'''Свети Пантелејмон'''" со истоимената манастирска црква се наоѓа во с. [[Горно Нерези]], на планината [[Водно]], на осум километри југозападно од [[Скопје]]. Манастирскиот комплекс е ограден со високи ѕидови, а во него се наоѓаат црквата и манастирските [[конак|конаци]]. На ѕидовите на овој споменик на културата е сочувано [[фрескосликарство]], коешто по своите квалитети со се вбројува меѓу врвните дострели на византиското сликарство од времето на династијата на Комнените.
 
Живописот во нерешката црква, е дело на повеќе раце, пред сè на рацете на двајцата главни мајстори. Тие се разликуваат помеѓу себе не толку спорèд цртежот колку според колоритот. В. Лазарев смета дека живописот го работеле неколкумина мајстори (четворица или петмина) и дека главниот мајстор е повиканиот мајстор кој дошол од Цариград. Неговата рака го извела живописот на најодговорните и најосветлените делови во црквата, а на тој дел му припаѓаат и најзначајните досега сочувани композиции: [[Сретение]], [[Преображение]], [[Лазарево воскрсение]], [[Раѓање на Св. Богородица]], [[Воведение на Св. Богородица во храмот]], [[Влегување во Ерусалим]], [[Симнување од крстот]] и [[Оплакување Христово]]. Вториот зограф, според Лазарев, најблискиот помошник на главниот мајстор кој ја работел композицијата на [[Евхаристијата]] (Причестувањето на апостолите) и некои од ликовите на [[светите воини]], работи во помалку сигурен манир и слика со нешто поразводнети бои. На овие двајца главни мајстори им помагале и двајца или тројца ученици чии раце можат да се распознаат во живописот изведен во нартексот и страничните простории. Врвно дело на главниот зограв се композициите Оплакување Христово и Симнување од крст.
 
[[Податотека:Lamentation icon Nerezi MK.jpg|thumbмини|150pxдесно|230п|Оплакување Христово]]
Композицијата Оплакување Христово е позната тема која се сретнува речиси во сите цркви насликани пред и после живописувањето на нерешката црква. Но Оплакувањето во Нерези од сите нив се разликува, не толку по иконографските посебности, колку по извесни елементи што се покажуваат како достоинство на непознатиот зограф од Нерези. Во прв ред тоа е нагласеното истакнување на внатрешните чувства на прикажаните личности. Св. Богородица е насликана како мајка која плаче над својот мртов син. Нејзиното лице покажува болен израз на длабока болка. Нејзиниот поглед е вперен во лицето на мртвиот син кого што го држи во драматична прегратка.
Богородица во оваа композиција не е онаа позната мајка од постариот живопис, која со крајно воздржани гестови, со лесно наведната глава, или само со малку крената рака ги искажува внатрешните чувства. Меѓутоа нерешката Св. Богородица плаче, нејзината болка ги раскинува срцата. Ѓотовата Св. Богородица е претставена како млада силна жена со малку натажено лице.