Борис Новковиќ: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox Musical artist | Name = Борис Новковиќ <br> Boris Novković | Img = Boris Novković - Croatia 2005.jp...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
'''Борис Новковиќ''' (на {{lang-hr|Boris Novković}}; роден на 25 декември 1967) е [[Хрвати|хрватски]] поп пејач. Роден во [[Сараево]], [[Социјалистичка Република Босна и Херцеговина|Босна и Херцеговина]] во [[Социјалистичка Федеративна Република Југославија|поранешна Југославија]], Борис во мали години покажал интерес за музиката, што не било и чудно затоа што и двата негови родители се занимавале со тоа. Мајка му била учителка по музичко, додека неговиот татко Ѓорѓе Новковиќ беше еден од водечките хрватски текстописци и музички менаџери. Тој го издаде неговиот прв албум ''Куда иду изгубљене дјевојке'' во [[1986]] кој се продаде до 120,000 копии, а неговиот следбеник ''Јачи од судбине'' ([[1987]]) беше дури и поуспешен. Следуваа уште два успешни албум: ''Док свира Радио'' во [[1988]] и ''Обојени снови'' во [[1989]].
 
Во [[1990]] тој за малку ќе ја претставуваше Југославија на [[Евровизија]] со песната „Дајана“, но сепак заврши на второто место кое и не беше многу лошо за него затоа што го одведе на Интернационалниот фестивал во [[Куала Лумпур]]. До [[2003]] година издаде уште седум нови албуми, како и две „Best of“ компилации, но само неколку песни можеа да го повторат успехот од неговите постари. Песни кои што оставија најголем траг најверојатно се: „Струји Струја“, „Све мијења се“све“ и „Далеко“.
 
Во [[2005]] година, петнаесет години после неговиот неуспех да ја претставува Југославија на Евровизија, Новковиќ победи на националниот избор за песна на Евровизија Дора и го доби правото да ја претставува сега независната [[Хрватска]] на [[Евровизија 2005]] која се одржа во [[Киев]], [[Украина]]. Тој ја претставуваше неговата земја со песната „Вукови умиру сами“ заедно со некои членови од ансамблот Ладо. Поради претходнот учество на Хрватска во [[Евровизија 2004]] год., земјата немаше доволно поени за директен влез во финалето, па поради тоа најпрво Новковиќ ја изведе песната во полуфиналето, каде што заврши на четвртото место со 169 поени и се квалификуваше за финалето. Во финалето заврши на 11-то место со 115 поени.