Румелихисар: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Румелихисар''' (''Румелиски замок'') е [[тврдина]] која се наоѓа во [[Саријер]], област на [[Истанбул]], [[Турција]], на еден рид на европската страна на [[Босфор|Босфорот]]. Таа го дава името на населбата околу неа. Румелихисар е изграден од страна на османлискиот [[султан]][[ Мехмед II]], помеѓу [[1451]] и [[1452]] година, пред тој да го покори [[Константинопол]]. Трите големи кули биле именувани по трите [[Везир|везири]] на султанот, [[Халил паша]], кој во голема кула изградена веднаш до портата, Заганош Паша, кој ја изградил кулата на југ, и Сарика Паша, кој ја изградил кулата на север.
 
== Конструкција ==
 
Румелихисар се наоѓа на 660 метри надморска висина од Босфорскиот теснец и е во непосредна (спротивна) близнина на Анадолски Хисар кој бил изграден во времето на Бајазит I. Местото било изберено за да се спречи помошта на престолнината која престигнувала преку Црно море за време на Падот на Константинопол (1453)|османлиската опсада. Во претходните опсади на градот, султанот најмногу се соочувал со проблеми поради блокадата на Босфорот од страна на взантиската флота. Во времето на Римска империја|Римската империја и Византија, претходната тврдина била користена како затвор, а подоцна постоел и манастир.
 
Во рамките на подготовките за освојувањето на Константинопол, Султанот Мехмед II (1432-1481), син на Мурат II, започнал да ја реализира изградбата на тврдината веднаш по неговото второ искачување на тронот во 1451 година. Тој одбил молбата за мир со византискиот император Константин XI Палеолог (1404-1453), кој ја разбрал намерата на султанот. Изградбата започнала на 15 април 1452 година. Секоја од трите главни кули биле именувани по пашите кои ја надгледувале нивната конструкција. Султанот лично на неколку пати доаѓал за да ја надгледува изградбата. Со помош на илјадници зидари и работници, тврдината била завршена во рекордно време од 4 месеци и 16 дена на 31 август, 1452 година.