Александар Турунџев: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
[[Слика:Aleksandar Turundzhev.jpg|мини|десно|250п|Александар Турунџев]]
'''Александар Турунџев''' ебил македонски војвода. Роден е во [[1872]] година во с. Екши Су ([[Горно Врбени]]), Леринско. Во редовите на [[ТМОРО]] се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода. За време на [[Илинденско востание|Илинденското востание]] со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско.
 
Во текот на сите години на илегално живеење и движење, Турунџев ги обиколува редовно селата во Леринско и некои во Долна Преспа и Битолско. Станува популарен заради својата храброст и ревност кон природниот стремеж на сопствениот народ да извојува слобода со оружје во рацете. Освен тоа бил силен маж, атлетски граден, висок, со бујна бушава коса, со високо чело и орелски поглед. Насекаде бил мил гостин, зашто со другарите ги истребил најголемите насилници и крвници во Леринско, а оние кои посакуваа не се осмелуваа да станат нови угнетувачи и мачители на македонскиот народ, заради големиот страв од Александар Турунџев.