Операција Планинска бура: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
с Откажано уредување 868490 (автор: 77.29.147.103 | Разговор) |
||
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Планинска бура''' е името на големата полициска акција што ја спроведоа специјалните сили на [[Република Македонија|македонското МВР]], на [[7 ноември]] [[2007]] година, во [[Шар Планина|шарпланинското село]] [[Бродец]] над [[Тетово]]. Акцијата беше спроведена за отстранување и разбивање на [[албанци|албанските]] терористичко-екстремистички криминални групи дојдени од [[Косово]], кои се закануваа со рушење на мирот и стабилноста во [[Република Македонија]].
==Почеток и тек на акцијата „Планинска бура“==
По неколку месечните провокации на [[Албанци|албанските]] терористичко-екстремистички криминални групи од [[Косово]] на подрачјето на [[Тетово|Тетовскиот регион]], [[Република Македонија|македонските специјални полициски сили]] на [[7 ноември]] [[2007]] година, ја спроведоа акцијата „Планинска бура“. Според полициските извори, акцијата започнала со жестоки вооружени пресметки помеѓу македонските специјални сили и албанските екстремисти во селото [[Бродец]] во 4 часот изутрина. Жестоките вооружени престрелки траеле 10 часа, се до 14 часот попладне, кога екстремистичката криминална банда била целосно разбиена и уништена. Акцијата македонските сили ја спровеле со логистичка поддршка од 3 хеликоптери на АРМ, и со повеќе оклопни возила. Екстремистите кои најпрвин се наоѓале над селото, исплашени од жестокиот напад на полицијата, се засолниле во повеќе селски куќи и селската џамија, а потоа еден дел низ шумата пребегнал преку државната граница.
==Резултат==
Во полициската акција „Планинска бура“ се убиени 7 [[Албанци|албански]] екстремисти: Рамдан Шити (24) избеган затвореник од затворот [[Шуто Оризари|Шутка]] и „Дубрава“ во [[Косово]], Фисник Ахмети познат како „командант Челику“ од с.[[Бродец]], Беким Мехмети (21) од [[Тетово]], Шахили Ферат (20) од с.[[Бродец]], Фидан Фејзулаху (24) од [[Приштина]] - [[Косово]] и Гавази Имер (42) од [[Косово]]. Се уште не е идентификувано уште едно лице убиено во полициската акција. Уапсени се 12 екстремисти и запленето е големо количество на огнено и тешко оружје, кое според полциските извори било доволно за вооружување на 150 лица и за водење на повеќе месечни вооружени борби.
[[Категорија:Значајни полициски акции во Република Македонија]]
[[bg:Операция Планинска буря]]
[[en:Operation Mountain Storm]]
[[ja:山嵐作戦]]
[[pl:Operacja Mountain Storm]]
[[sr:Операција Планинска бура]]
|