Псевдоним: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Псевдоним''' е фиктивно име што се користи од страна на лице, а понекогаш и група. Псе...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
Терминот потекнува од [[Грчки јазик|грчкиот]] збор {{lang|el|ψευδώνυμον}} (''pseudṓnymon''), буквално "лажно име", од {{Polytonic|ψεῦδος}} (''pseûdos''), "лага" и {{Polytonic|ὄνομα}} (''ónoma''), "име". Псевдонимот е различен од алонимот, кое е име на друга вистинска личност.
 
==Криење на идентитетот==
===Псевдоними во книжевноста===
[[Image:Die junge George Sand.jpg|thumb|right|180px|A young [[Амандин Орор Лисил Дипен|Жорж Санд]]]]
 
Еден познат пример за ова е Семјуел Клеменс чиј псевдоним е [[Марк Твен]]. Псевдоним се користел и кога вистинското име на авторот може да биде помешано со некој друг автор со истото име или со некоја друга позната личност. Автори кои пишуваат во различни [[жанрови]], може да користат псевдоними за да се избегне конфузија кај нивните читатели, како во случајот на [[математичар]]от [[Чарлс Догстон]], кој го напишал романите под псевдонимот [[Луис Керол]]. Некои автори, како што е [[Харолд Робинс]], користат неколку псевдоними.<ref>[http://www.trussel.com/books/pseud_r.htm Rubin, Harold Francis (1916-)], Author Pseudonyms: R. Accessed 27 November 2009.</ref>
 
Сестрите [[Бронте]] за своите првични дела користеле псевдоними затоа што ги користеле своите соседи како инспирација за ликовите во нивните книги. Ен Бронте својата поема "The Narrow Way" ја објавила под псевдонимот Ектон Бел. Шарлот Бронте ги објавила ''Ширли'' и ''Џејн Ер'' под псевдонимот Карер Бел. Емили Бронте за ''Оркански висови'' го користела псевдонимот Елис Бел.
 
Некои женски автори користеле машки имиња, особено во 19-тиот век, кога пишувањето било доминантно машка професија. Обратниот пример е кога некои машки автори користат женски имиња. Добро познат пример за тоа е Мери Ен Еванс, која пишувала како [[Џорџ Елиот]]. Друг пример е Амандин Орор Лисил Дипен, позната како [[Жорж Санд]]. [[Џејн Остин]] го користела псевдонимот "Лејди" итн.
 
Еден познат случај во француската литература е [[Ромен гари]]. Веќе добро познат и високо реномиран писател, почнал да објавува книги под името [[Емил Ажар]]. Сакал да види дали неговите нови книги ќе бидат добро прифатени, и без помошта на неговата репутација (И биле).
 
===Воени имиња===
''Noms de guerre'' (француска фраза која значи "воени имиња" ) биле чести во [[Француската легија на странците]] како дел од раскрстување со нивните претходни животи. Вакви имиња имале и членовите на [[Францускиот отпор]] во тек на [[Втората светска војна]] поради безбедносни причини. Овие имиња се честа појава и во [[герила]]та и меѓу [[терорист]]ите. Во тек на борбата против Британците во [[Палестина]], командантот на организацијата [[Јицак Шамир]] (подоцна [[Премиер на Израел]]) го зел ''военото име'' "Мајкл", во чест на Ирецот [[Мајкл Колинс]].
 
== Белешки ==
{{reflist}}
 
==Надворешни врски==
*[http://www.famousfolk.com/ An extensive list of pseudonyms]
*[http://www.trussel.com/books/pseudo.htm Another list of pseudonyms]
*[http://www.copyright.gov/fls/fl101.html The U.S. copyright status of pseudonyms]