Разлика помеѓу преработките на „Демократска армија на Грција“

нема опис на уредувањето
 
Демократската Армија на Грција била формирана уште во почетокот на [[1945]] година како продолжение на ЕЛАС (Грчка Народно-ослободителна Војска) која била целосно разбиена и уништена од Германските нацистички сили и грчките монархо-фашисти. Во почетокот на [[1946]] година на ДАГ и КПГ во борбата и се приклучува македонската организација [[НОФ]] која дотогаш вооружено дејствувала самостојно и под покровителство на [[КПМ]] во областите населени со [[Македонци]]. На чело на ДАГ биле челниците на КПГ, Никос Захаријадис, Леонидас Стрингос, Константин Барџотас идр.
 
 
 
 
 
 
 
 
==Македонците во ДАГ и односот на КПГ кон македонското национално прашање==
 
На почетокот ставот на КПГ кон македонското национално прашање бил за рамноправност на Македонците во рамките на грчката држава. На вториот конгрес на [[НОФ]] одржан на 9 март 1949 година, ќе се усвои одлуката за „обединета и независна Македонска држава во рамките на Балканската федерација“. Имајќи ја во предвид состојбата поради резолуцијата на Информбирото и заладените односи со КПЈ, КПГ ја прифаќа оваа парола и ја поддржува користејќи ја за пресметка со КПЈ и КПМ. По ова прашање имало два различни ставови, едниот на [[Паскал Митревски]] сметал дека Вардарска Македонија ќе треба да се припои кон Егејска Македонија, додека пак ставот на [[Михајло Керамитчиев]] и [[Вангел Ајановски-Оче]] сметал дека [[Егејска Македонија]] треба да се припои кон [[Вардарска Македонија]] со оглед на тоа дека Отечественофронтовската влада на [[Бугарија]] на чело со [[Георги Димитров]] подготвува припојување на [[Пиринска Македонија]] кон [[Вардарска Македонија]]. По битките на [[Вич|Вичо]] и [[Грамос]] КПГ го отфрла овој став и се враќа на стариот став за рамноправност на Македонците во рамките на грчката држава.
 
==Расформирање на ДАГ==
 
По офанзивата на грчките монархофашистички сили врз ДАГ кон крајот на август [[1949]] година и целосниот пораз на ДАГ на битките на [[Вич|Вичо]] и [[Грамос]], голем број од борците на ДАГ и нејзиното раковдоство заедно со целото раководство пребегнуваат на територијата на [[Албанија]] со што целосно престанува борбената дејност на ДАГ во Грција.
 
==Белешки==