Разлика помеѓу преработките на „Демократска армија на Грција“

По директивата на [[КПЈ]] за спојување на македонската организација [[НОФ]] со КПГ (ставање под целосна команда на КПГ), ДАГ добива големо зголемување на бројот на своите војници и добива голема поддршка од [[Македонци|Македонското население]] во [[Егејска Македонија]] кое сметало дека со победата на ДАГ над монархо-фашистите ќе добие национални права и слобода и можност за самоопределување. До крајот на војната во ДАГ учествувале 14000 борци-[[Македонци]], а 20000 од 50000 жртви во војната биле [[Македонци]]. Сепак и покрај големата помош која ја дале [[Македонци|Македонците]] на комунистичко-ослободителното движење раководството на КПГ и ДАГ водело крајно дискриминаторска политика кон борците-[[Македонци]]. Ниту еден [[Македонци|Македонец]] не бил ставен на повисоко раководно место од поручник, ниту еден Македонец немало ниту во привремената комунистичка влада на Грција, од целата класа на полковници на ДАГ ниту еден не бил Македонец, а немало ниту еден Македонец командант на баталјон или комесар на област од [[Егејска Македонија]], а на многу од борците што претходно се бореле во Втората светска војна не им биле признати чиновите и заслугите. За време на резолуцијата на информбирото и кон крајот на војната, со заладувањето и прекинот на односите меѓу КПГ и КПЈ, многу борци-[[Македонци]] (повеќето млади, помлади и од 18 години) биле осудени на смрт преку монтирани судски процеси од страна на КПГ под обвинение дека се „титови агенти“ и „дезертери“, познати масовни стрелања на македонски борци до ДАГ се Буфската и Африканската афера, стрелањето на неколкумина [[Македонци]] од с.[[Герман]] и друго.
 
На почетокот ставот на КПГ кон македонското национално прашање бил за рамноправност на Македонците во рамките на грчката држава. На вториот конгрес на [[НОФ]] одржан на 9 март 1949 година, ќе се усвои одлуката за „обединета и независна Македонска држава во рамките на Балканската федерација“. Имајќи ја во предвид состојбата поради резолуцијата на Информбирото и заладените односи со КПЈ, КПГ ја прифаќа оваа парола и ја поддржува користејќи ја за пресметка со КПЈ и КПМ. По ова прашање имало два различни ставови, едниот на [[Паскал Митревски]] сметал дека Вардарска Македонија ќе треба да се припои кон Егејска Македонија, додека пак ставот на [[Михајло Керамитчиев]] и [[Вангел Ајановски-Оче]] сметал дека [[Егејска Македонија]] треба да се припои кон [[Вардарска Македонија]] со оглед на тоа дека Отечественофронтовската влада на [[Бугарија]] на чело со [[Георги Димитров]] подготвува припојување на [[Пиринска Македонија]] кон [[Вардарска Македонија]]. По битките на [[Вич|Вичо]] и [[Грамос]] КПГ го отфрла овој став и се враќа на стариот став за рамноправност на Македонците во рамките на грчката држава.
 
==Белешки==