Инвокација: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Инвокација''' (лат.: ''invocare'' - “повикување“) или молитва е повикувањ...
(нема разлика)

Преработка од 20:14, 28 декември 2009

Инвокација (лат.: invocare - “повикување“) или молитва е повикување на Господ, бог или богиња, некоја личност и сл. за да биде прашана за нешто или од неа да се побара помош, заштита или нејзино духовно присуство во одредена церемонија, или пак едноставно поради обожување. Тоа е религиозно дејство за повикување на повисока сила. На пример, во католицизмот тоа е повикување на светецот.

Инвокацијата обично се изведува во однапред определена форма, со говор или дејство на оној што ја прави. На пример, претходно определен текст за инвокација е молитвата “Оче наш“.

Генерално, сите религии ги користат инвокациите (молитвите), литургиите или пеењето духовни песни; во хиндуизмот и будизмот тоа се т.н. мантри, во египетската религија е “појавувањето со денот“ (т.е. “Книгата на мртвите“), орфизмиските пеења и многу сочувани свети текстови, напишани со клинесто писмо на глинени плочки, упатени до Shamash, Ishtar и други божества.

Во хеленската митологија инвокацијата е воведување во епската песна, повикување на музите кои на поетот треба да му помогнат во потфатот да го создаде делото[1].

Поимот инвокација, исто така, се објаснува како техника на магијата. Изведувачот верува дека тој може да го повика духот, тој е убеден во неговото постоење. Во потесна смисла, овде поимот може да значи: “повикување во“ (лат. in-vocare), во случајов, повикување “во телото на изведувачот на магијата“.

Од научна перспектива, инвокацијата се смета за религиска, духовна постапка со која се повикуваат суштества кои не се реални, туку постојат само во фантазијата на "волшебникот".

Види исто така

Референци