Римски сенат: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Римска влада}} thumb|350px|Приказ на седница на Сенатот: [[Цицерон ...
 
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Римска влада}}
[[Податотека:Maccari-Cicero.jpg|thumb|350px|Приказ на седница на Сенатот: [[Цицерон]] ја напаѓа [[Катилина]], фреска од XIX век]]
'''Римскиот сенат''' ([[латински јазик|лат.]]: ''Senatus'') бил главното управувачко тело на [[Римската република]] (која настанала во 509 год. п.н.е.), како и на [[Римското царство]]. Иако [[Западното Римско царство]] престанало да постои во V век (476 год.), Римскиот сенат продолжил да заседава се до крајот на VI век. Зборот ''senatus'' потекнува од латинскиот збор ''senex''<ref>[http://ancienthistory.about.com/od/government/a/LivySenate.htm The Roman Senate and Senators According to Livy] By N.S. Gill, About.com Guide ([[англиски јазик|анг.]])</ref> што значи “старец“ или “постар“. Според тоа, Сенатот, од [етимологија|етимолошка]] гледна точка, значел “собрание на старци“. Сенатот бил една од трите гранки на власта според [[устав]]от на [[Римската република]].
 
Ред 13 ⟶ 12:
 
Треба да се спомене дека римските народни собранија не можеле да расправаат за предлозите што се донесени пред нив.Тие можеле само да ги прифатат или отфрлат. Вообичаена практика на [[римски магистрат|магистратите]] станала сите закони (leges) во Сенатот да се донесуваат пред собранијата да се свикаат за да гласаат. Сенатот го давал својот ''auctoritas'', пред народот воопшто и да може да гласа за намерата на магистратот. До средината на периодот на Републиката тоа моа била само формалност што ја практикувале сите магистрати. Во подоцнежниот период на Републиката, Сенатот го избегнувал давањето диктатура, прибегнувајќи кон таканаречена “последна одлука на Сенатот“ (''senatus consultum ultimum'') со која се прогласувала воена состојба и се овластувале [[римски конзул|конзулите]] да се “погрижат за тоа Републиката да не претрпи никаква штета“.
[[Податотека:Maccari-Cicero.jpg|thumb|350px|Приказ на седница на Сенатот: [[Цицерон]] ја напаѓа [[Катилина]], фреска од XIX век]]
 
Слично на двете собранија (''Comitia Centuriata'' и ''Comitia Tributa''), но различно од плебејскиот совет (''Concilium Plebis''), Сенатот работел под одредени религиски ограничувања. Тој можел да се состанува само во осветен храм, кој обично бил ''Curia Hostilia'', иако церемониите за Нова Година се одржувале во храмот на [[Јупитер (бог)|Јупитер]] (''Jupiter Optimus Maximus''), а воените состаноци во храмот ''Bellone''. Седниците на Сенатот можеле да започнат дури по [[инвокација|инвокациската]] молитва, жртвена церемонија што ја спроведувале [[ауспициум|ауспициите]]. Сенатот можел да се состанува само помеѓу изгрејсонце и зајдисонце, а не можел да се свикува за време на заседавањето на кое било друго собрание.