Куќа на Робевци: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот Додава: bg:Робева къща; козметички промени
Ред 7:
[[Тодор Петков]] од с. [[Гари]], Дебарско, е мајсторот - градител на куќата на двајцата браќа Робевци, која ја сочинуваат два посебни стана што формираат симболична архитектонска целина. Куќата била изградена во 1825 година по што била опожарена и повторно изградена следната година.
 
== Изложбена поставка ==
 
Куќата е заштитен споменик на културата и ја сочинуваат три ката, плус најгорниот кат т.н. "ширван". Во долниот дел се наоѓаат изложени епиграфски споменици од Охрид и околината, како и вредните експонати: "Миљоказ" (пронајден на патот [[Виа Игнација]]), двете торза на божицата [[Изида]] и др. Археолошките експонати датирани од праисторијата до средновековниот период се изложени и на вториот и третиот кат.
Ред 13:
Во ширванот од куќата, која плени со својата надворешност, но и внатрешност, се презентирани примероци на предмети изработени во "охридска резба", дела на познати мајстори од градот и околината. Во источниот дел од катот може да се види и етнолошката поставка на предмети од покуќнината на семејството Робевци (ковчези, родослов, зачувана фреска од [[Дичо Зограф]] од 1862 година, лекарската торба на Константин Робев и др.).
 
== Историја на куќата ==
 
Името на познатото Охридско семејство Робевци за прв пат се споменува во 1379 година на една надгробна плоча пишувана со црковно словенско писмо во дворното место на [[Св. Богородица Перивлепта]] (Св. Климент). Градењето на првобитната куќа на Робевци било завршено на 15 април 1827 година, а за тоа зборува натписот со грчко писмо на една мермерна плоча која се наоѓа вградена во магазата (магацинот) на дворното место. Ова познато охридско трговско семејство во куќата живеело 35 години, поточно до 1861-1862 година, кога познатиот злосторник од Охрид, Устреф бег ја запалил до темел.
Ред 23:
Во 1950 година во неа е сместен Народниот музеј, а во 1953 година зградата е национализирана и предадена на [[Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид]] на трајно користење. Последната реконструкција на оваа велелепна зграда е извршена во 1990. година, а таа е повторно отворена како музеј, и тоа еден дел со презентација на археолошкото богатство, еден дел како спомен кат за семејството Робевци, а најгорниот кат - ширванот добил функција на охридска резиденција.
 
== Интересно ==
 
На банкнотата од 10 денари е отпечатено „Торзото на Божицата Изида“, експонат на Музејот на Охрид, изложен во Куќата на Робевци. Торзото на божицата Изида од 2, век пред нашата ера е несомнено еден од најзначајните експонати на Музејот, а и на соодветната археолошка ера на Македонија воопшто.
 
== Извори ==
 
* [http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=E6590E660E3FF846899B7820F80A0CF8 Утрински весник, 20.10.2008 Кои се седумте чуда во Македонија]
* [http://www.ii.edu.mk/predmeti/mm/20052006/mmproekti/Ohrid_Muzej_i_kukja_na_robevci/main.htm Музеј на Охрид - Куќата на Робевци]
 
[[Категорија:Охридски знаменитости]]
[[Категорија:Македонски музеи]]
[[Категорија:Куќи во Република Македонија]]
 
[[bg:Робева къща]]
[[en:Robevi family house]]