Осоговски Планини: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Брзо додавање категорија Кочани (со користење на HotCat)
средување
Ред 4:
==Географија==
 
Како природна целина која се протега во две држави Осоговскиот планински масив зафаќа вкупна површина од 1.535 км2км<sup>2</sup>, од кои на [[Република Македонија]] припаѓаат 1.102 км2км<sup>2</sup> или 71.8%, додека на 443 км2км<sup>2</sup> или 28.2% на [[Република Бугарија]]. По својата површина е втора планина во Република Македонија по планинскиот масив [[Јакупица]] (Мокра Планина). Највисок врв e [[Руен]] (2.252 м), а покрај него уште 5 врва се повисоки од 2000 м.
 
Осоговскиот планиски масив тектонски припаѓа на српско-македонскиот масив, кој претставува старо копно на [[Балкански полуостров|Балканскиот Полуостров]]. Тектонските движења со кои била зафатена оваа планина условиле да биде издигната, раседната и раздробена при што е формирана како хорст. Геолошкиот состав е претставен со [[камбриум|прекамбриски]] метаморфити и [[палеозоик|палеозојски]] шкрилци. За време на [[терциер]]от се одвивала интензивна вулканска активност, што овозможило создавање на големи резерви на олово-цинкова руда.
 
Релјефот на Осоговскиот планиски масив е претставен со високи, зарамнети и долги планински била, кои меѓу себе се расчленети со длабоки речни долини, вулкански купи и кратери. Најпознати била се Руенското било, претставува вододелница помеѓу сливот на [[Вардар]] и [[Струма]]; Соколско било; Калинкаменско било; Костадинечко-лисечко било кое е вододелница помеѓу [[Пчиња]] и [[Брегалница]]; Лопенско било; Д'лгиделско било и др. Покрај билата значаен релјефен елемент се речните долини кои се одликуваат со клисури. Најпознати се долините на Тораничка Река (извориште на [[Крива Река]]), Каменичка, [[Оризарска Река]], [[Злетовска Река]] и др<ref>Милевски И. 2006: „Геоморфологија на Осоговскиот планински масив“. Докторска дисертација, Институт за географија, ПМФ, Скопје</ref>.
 
==Вегетација==
Ред 35:
 
==Извори==
 
*Милевски И. 2006: „Геоморфологија на Осоговскиот планински масив“. Докторска дисертација, Институт за географија, ПМФ, Скопје, 2006
 
==Надворешни врски==