Римски конзул: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
'''Конзул''' ([[латински јазик|лат.]]: ''consul'', мн. ''consules'') бил назив за двајцата највисоки државни службеници во [[Стариот Рим]], откако во 510 год. п.н.е. била формирана [[Римска република|републиката]]. Тие биле избирани од страна на [[центуриско собрание|центуриските собранија]] и имале мандат од една година. До 449 год. п.н.е. биле нарекувани [[претор (титула)|претори]] (''praetores''), што укажува на военото обележје на нивната позиција. Власта ја извршувале заеднички, иако постоела формална разлика (''collega maior'' и ''collega minor''), што била условена од возраста. За конзул можел да биде избран само оној кој зад себе веќе имал политичка кариера.
 
Законот на [[Лициниј]] од 367 год. п.н.е.<ref>[http://www.unrv.com/government/consuls.php Roman Consuls, UNRV History] ([[англиски јазик|анг.]])</ref>, што бил потврден [[плебисцит|плебисцитарно]] во 312 год. п.н.е., предвидувал еден од конзулите да може да биде претставник на [[плебејци|плебсот]], а во 172 год. п.н.е., по првпат, и двајцата конзули биле [[плебејци]].
 
Обично конзулите стапувале на должност на 15. март, а од 153 год. п.н.е. на 1. јануари, и според нив била нарекувана годината. Во периодот на [[Римска република|Републиката]] воените привилегии го сочинувале главниот дел од конзуларната власт (imperium consulare). Во војна го делеле командувањето над војската на два посебни фронта, но можеле да дејствуваат и заедно - во тој случај се менувале во командувањето. Во почетокот дури можеле да склопуваат и сојузи и договори, но подоцна морале да бидат ограничени само на воените уредби, а ако сепак имале некаква политичка улога, таа била само со прелиминарен карактер, се додека [[Римски Сенат|Сенатот]] не ги одобри.