Битка кај Ватерло: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот Менува: ur:جنگ واٹرلو; козметички промени
Ред 6:
Кога Наполеон по втор пат го зазеде тронот на Франција, по бегството од островот [[Елба]], здружените сили на [[Британија]], [[Обединета Холандија]], [[Хановер]], [[Насау]], [[Брунсвик]] и [[Прусија]], близу белгиското село Ватерло, го поразија Наполеон и ставија крај на неговите амбиции за освојување на цела Европа. На [[22 јуни]] [[1815]], потпишал [[капитулација]] и до крајот на својот живот останал во прогонство на островот Св. Елена во јужниот дел на [[Атлантски Океан|Атлантскиот Океан]].
 
== Позадина на битката ==
По издигањето на Франција на позиција водач во Европа од [[1804]] до [[1813]], Наполеон е поразен во 1814 од страна на коалицијата на моќните сили, забележно Прусија, Британија и Австрија. Наполеон тогаш бил заробен и протеран на островот Елба, а Луј XVIII бил следниот крал на Франција. Во септември 1814 на Конгресот во Виена, со делегати од повеќето нации во Европа, се собрале да дискутираат за проблемите околу поразот на Франција. На [[26 февруари]] [[1815]] додека конгресот бил во тек, Наполеон побегнал од Елба и се вратил во Франција. Таму многу ветерани од неговата поранешна армија, застанале зад него и на [[20 март]] [[1815]] тој повторно седнал на тронот. На конгресот во Виена, разтревожени од враќањето на Наполеон, бргу реагирале на кризата. На 17 март Австрија, Велика Британија, Прусија и Русија поединечно се согласиле да соберат 150.000 војници за напад, поставени во Белгија близу француската граница. Поголемиот дел од другите нации, присутни на конгресот исто такпредложиле да дадат воена сила за нападот врз Франција, кој требало да почне на 1 јули 1815.
 
== Мобилизација и стратегија ==
[[СликаПодатотека:NapLogo copy.jpg|лево|110п|Наполеон]]
 
Во Париз, Наполеон дознавајќи за планот за напад, бргу одлучил да ги нападне сојузниците на нивна територија, пред нивната армија да се формира. Со карактеристична енергија и одлучност, тој мобилизирал за два месеца армија од 360.000 тренирани војници. Тој ја поставил половината од оваа армија во Франција како обезбедувачка сила, а останатите ги групирал во нападни единици. На 14 јуни [[1815]], Наполеон, движејќки се со полна брзина и потполна дискреција, ја достигнал француско-белгиската граница со 124 000 војници. Друга вијска од 56.000 војници биле оставени во позадина за втора, подржна позиција.
Ред 18:
На [[15 јуни]] [[1815]], Наполеон ја преминал белгиската граница и неговото неочекувано доаѓање ги фатиле сојузниците неподготвени. По минувањето на реката Самбре, французите ги забележале Прусите кои напредувале накај Черлерој. Тогаш Наполеон му наредил на своето лево крило, под команда на маршалот Мичел Неј, да ја нападне бригадата на Велингтоновата коњаница кај Катр-Бра, 19 км северно од Челерој. Тој потоа наредил на десното крило, под команда на генералот [[Емануел де Гручи]], да се придвижи источно против пруската бригада стационирана во градот Гили. Доцна попладне, на 15 јуни Гручи ја исполнил својата мисија и пристигнал до точката близу селото Флерус, каде корпуси од Блухеровите војници биле концентрирани. Со паѓањето на ноќта, а првиот ден од битката, Наполеоновата војска ја одржувала предноста. Императорот успеал да ја постави армијата помеѓу елементите на армиите на Велингтон и Блухер, а неговата централна сила била на позиција да ги нападне или лево Англо-Данската армија или десно Пруската војска. На [[16 јуни]] се придвижил кон неговите резерви од Челерој кон Флерус.Таму тој ја предвидел командата на Гручи и лесно го победил Прускиот корпус. Тогаш отишол северно до Лињи зоната да го пресретне Блихер кој со својата армија се утврдил западно од Намур, надевајќи се дека ќе ги пресретнат Французите.
 
== Лињи и Катр-Бра ==
Во акцијата кај Лињи, стратегијата на Наполеон била да координира напад на Блихер, заедно со офанзива на Неј кај Катр-Бра. Резервите тогаш би можеле да заобиколат од исток или запад и да помогнат на двата фронта како што ќе диктираат околностите; ако сѐ оди како што треба, резервата конечно би марширала северозападно, да се придружи на Неј кај Катр-Бра и да напреднат кон [[Брисел]] за да ги разделат двете противнички војски.
 
Ред 25:
Во меѓувреме, кај Катр-Бра, Неј чекал неколку часа да го почне својот напад на англо-холандските позиции, а ова оддолжување придонело Велингтон да го зацврсти Катр-Бра со неколку дивизии пешадија и коњаница. Неј конечно нападнал во 14 часот, но бил остро одбиен. Повторливите напади со голем број на војници врз англо-холандските позиции се покажале како неуспешни; за време на попладнето, Неј бил сериозно оштетен од отсуството на силите на Дерлон. Околу 19 часот, Њелингтон извршил противнапад и го принудил Неј да се полече назад до гратчето Фрасне, неколку километриц јужно од Катр-Бра. Неј изгубил 4.300 војници, а Велингтон 4.700. Дерлон, сепак успеал да му се приклучи на Неј кај Фрасне во 21 часот.
 
== Мон-Сен-Жен ==
Рано изутрината на [[17 јуни]], курир на Блихер стигнал до Велингтон кај Катр-Бра и го информирал за поразот на Прусите кај Лињи. Велингтон сфатил дека Наполеон го победил со маневри, испратил одговор кон Блихер, со предлог да заобиколат од северозапад и да се придружат на англо-холандската [[војска]], јужно од градот [[Ватерло]]. Неколку часа подоцна, Велингтон заминал од Катр-Бра без пречки, оставајќи една коњаничка бригада за да го измами маршалот Неј.
 
Ред 33:
Стратегијата на Велингтон била да пружи отпор на Наполеон, се додека не пристигне засилувањето на Блихер, да го нападне десното крило на императорот со многу војници и да ја прегази целата француска линија. Армијата на Наполеон, стационирана кон север, се состоела од 74.000 војници со 246 топови. Борбениот план на императорот бил да го освои селото [[Мон-Сен-Жан]] и со тоа да го пресече евентуалното повлекување на англо-холандската војска кон Брисел. Армијата на Велингтон тогаш би била поразена.
 
== Тек на битката ==
Битката започнала во 11:30 изутрината со заобиколување на Наполеон на десното крило на Велингтон. Овој маневар, кој се покажал као неуспешен, бил проследен со бомбардирање од 80 француски [[топ]]ови, со намера да се ослабне центарот на сојузниците. Околу 13 часот, Наполеон забележал елементи од [[армија]]та на Блихер, пристигнувајќи од исток. Повторно, императорот испратил порака до Груши, информирајќи го за ситуацијата и наредувајќи му да превземе контрола врз Прусите.
 
Ред 40:
Наполеон тогаш извршил очајничка дефанзива, во кој ги вклучил сите пет баталјони од неговата Стара Гарда да го нападнат центарот на сојузниците. [[Пешадија]]та на сојузниците, во формација на празни квадрати, нанеле тешки загуби на французите, уништувајќи ја офанзивата. Иако Наполеон ги регрупирал скршените сили и пак напднал, ситуацијата на французите станала безнадежна. Околу 20 часот, Прусите, кои зазеле позиција лево од линијата на Велингтон, минале директно низ десното крило на Наполеон, фрлајќи голем дел од трупите на Наполеон во паника. Само една успешно изведена акција на неколку баталјони од старата гарда овозможиле императорот да побегне. Велингтон и Блихер се договориле да тргнат по потера на војската на Наполеон која се повлекувала. За врее на ноќта на 18 јуни, Прусите ги прогониле Французите преку реката Самбр.
 
== Жртви ==
Битката кај Ватерло е една од најкрвавите битки во модерната историја. За време на борбата на 18 јуни, Французите изгубиле 40.000 луѓе, британските и холандските загуби биле околу 15.000, а Прусите изгубиле околу 7000. Во еден момент, на борбеното поле на територија од 8 квадратни километри имало околу 45.000 мртви тела. Дополнителни се загубите во трите дена кои претстоеле на главната битка.
 
== Последици ==
Наполеон ја потпишал својата втора абдикација на [[22 јуни]]; на [[28 јуни]] кралот [[Луј XVIII]] бил повратен на францускиот трон, со што завршиле т.н. [[Сто дена]]. Британските власти го прифатиле предавањето на поранешниот император на 15 јули; подоцна бил протеран на островот [[Света Елена]]. Толку бил голем поразот на Наполеон, што [[Ватерло]] останал како синоним за огромен пораз.
 
Во неговите мемоари за кампањата кај Ватерло, Наполеон сериозно го критикувал генералот Груши, за неговиот неуспех да ги пресретне Прусите по нивниот пораз кај Лињи, маршалот [[Неј]] за неговиот неуспех да го разбие центарот на Велингтон на [[17 јуни]] и со тоа да го спречи нивното повлекување кај Катр-Бра. Друга грешка на Неј била отповикувањето на војската на Дерлон, која ќе му овозможела на Наполеон потполно да ја уништи војската на Блихер.
 
== Надворешни врски ==
* [http://napoleon.thepodcastnetwork.com Наполеон 101] {{en}}
* [http://www.badley.info/history/Napoleon-I-France.biog.html Napoleon I Chronology] на World History Database {{en}}
Ред 113:
[[tr:Waterloo Muharebesi]]
[[uk:Битва при Ватерлоо]]
[[ur:واٹرجنگ لوواٹرلو]]
[[vi:Trận Waterloo]]
[[zh:滑铁卢战役]]