Нередска Планина: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Нередска Планина''' е планина во западниот дел на [[Егејска Македонија]], односно крајниот северо - западен дел на денешна [[Грција]]. Има меридијански правец на протегање север - југ, а кон крајот на својот масив скршнува на југо - исток. Нередска Планина ја оградува [[Пелагонија]] (Леринското поле) од западната и југо - западната страна и таа се надоврзува на [[Баба Планина]] преку превојот Вигла. Сместена е југо - западно од градот [[Лерин]] и низ нејзе поминува локален пат кој води кон грчко - албанската граница и областа [[Преспа]]. Највисок врв е врвот [[Вич]] со 2128 метри надморска височина.
 
Планината има изобилство од високотревни пасишта, а во подножјето се застапени листопадни шуми (бука, даб, костен идр.) додека кон врвовите се застапени зимзелените шуми.
 
==Историја==
 
На падините на Нередската Планина се одвивале голем број историски настани од кои најпознати се битките за време на [[Граѓанска војна во Грција (1945-1949)|Граѓанската војна во Грција (1945-1949]]. Како доста тешко пристапен терен Нередската Планина долго време служела како упориште на КПГ,[[ДАГ]] и [[НОФ]], а пред се и поради помошта на селаните околните села кои биле целосно населени со [[Македонци]]. Во почетокот на воените дејствија на Нередската Планина се стационирале голем број на војници на демократските сили, а тука биле одржани и неколку пленуми и советувања на КПГ. Кон крајот на војната на врвот [[Вич]] се одиграла една од најголемите и најкрвавите битки за време на Граѓанската војна во Грција.
 
==Население и населени места==
 
Од двете страни на падините на Нередска Планина се сместени повеќе села од кои најпознати се [[Неред]] (грч. Полипотамон), [[Ерменско]] (грч. Алона) (на источната страна) , [[Вишени]] (грч. Висинеа) (на западната страна) и др. Етничкиот состав на селата е драстично променет особено по завршетокот на Граѓанската војна во Грција (1945-1949), кога грчките монархо-фашистички сили поради бесот заради помошта што им ја даде локалното [[Македонци|македонско население]] на КПГ, ДАГ и демократските сили врз него изврши масовни ѕверски убиства, протерувања и етнички чистења. Денес населението на овие села главно го сочинуваат [[Грци]] и [[Власи]], а во мал дел се останати и [[Македонци]].
 
[[Категорија:Географија на Егејска Македонија]]