Народна волја: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
EvLa (разговор | придонеси)
извори
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Слика:narodna_volja.jpg|thumb|250px|Насловна страница на весникот (август 2006)]]
 
'''„Народна Волја“волја“''' е македонски весник за теорија, историја, култура и уметност. До скоро време, „Народна волја“ беше единствениот македонски весник во [[Пиринска Македонија|Пиринскиот дел на Македонија]], и воопшто, во Република [[Бугарија]].<ref>[http://www.narodnavolja.com Народна волја]</ref>
 
Весникот излегува еднаш месечно и се печати двојазично, на [[македонски јазик|македонски]] и [[бугарски јазик]].
Ред 8 ⟶ 7:
==Историја на весникот==
 
Првиот број на „Народна Волја“волја“ излегува на [[1 октомври]] [[1980]] год. во [[Сиднеј]], [[Австралија]]. Како негови основачи се јавуваат повеќемина македонски емигранти, претежно од Пиринскиот дел на Македонија. Името „Народна Волја“волја“ е земено во спомен на истоимениот весник, издаван во почетокот на 20-тиот век од [[Јане Сандански]] и неговите приврзаници - санданистите.
 
За прв главен уредник на новата „Народна Волја“волја“ е избран [[Александар Христов]] (1929 - 2005). Поради неговото враќање во [[Лондон]], заедно со него се сели и седиштето на редакцијата, па долги години потоа весникот излегува во [[Англија]].
 
Во [[1989]] година во Република Бугарија паѓа тоталитарниот режим на комунистичкиот диктатор [[Тодор Живков]] со што се создадени неопходните услови за понатамошна демократизација на бугарското општество. Кај пиринските Македонци се раѓа надеж за подобрување на нивната положба, и така паѓа решение весникот да се пресели во родниот крај на неговите основачи. Во април [[1992]] година во [[Благоевград]] излезе првиот број во новото седиште, сега и со новата редакција, чиј главен уредник е [[Георги Христов]], брат на Александар Христов. Оттогаш весникот излегува непрекинато до ден денешен.
 
==„Народна Волја“волја“ и бугарската држава==
 
Иако регистриран според важечките бугарски закони, во првите години на излегувањето во Благоевград весникот се соочува со бројни проблеми. Така, без некакво образложување, Бугарската пошта одбива да потпише договор за дистрибуција низ земјата, а бугарските служби за безбедност преземаат разновидни мерки за да го попречат излегувањето на весникот. Таквите мерки, меѓу другото, се изразени и преку притисоци кон членовите на редакцијата или распространувачите на весници кои се осмелуваат да го продаваат весникот. Врв на сето тоа се неколкуте полициски акции, чиј резултат е запленување на одделни текстови, па и конфискување на целиот тираж на весникот.
Ред 24 ⟶ 23:
* [http://www.makedonika.org/NarodnaVolja/index.html '''Интернет издание на „Народна волја“''' - стара адреса]
 
==Извори==
{{reflist}}
[[Категорија: Македонски весници]]
[[Категорија: Пиринска Македонија]]