Разлика помеѓу преработките на „Кларинет“

Додадени 4 бајти ,  пред 12 години
с
с
Цевката има четири дела кои се вовлекуваат еден во друг, а завршниот дел е во вид на инка (т.н. корпус) и по работ е опточен со метален прстен. На цевката се наоѓаат голем број отвори, од кои еден дел се покриваат со врвовите на [[прст]]ите, а другите со затворачи (т.н. клапни) кои се придвижуваат со сложен систем на лостови. Механизмот на современиот кларинет е многу усовршен, исто како и изведувчката техника, така што тој спаѓа меѓу највиртуозните инструменти според леснотијата со која можат да се изведуваат крајно брзи и сложени [[тон]]ски движења.
 
Опсегот на изводливи тонови му е многу голем, а самиот тон е богат, погоден за многу различни музички карактери. Посебна одлика на кларинетот е широкиот опсег на гласност – од скоро одвај чуен [[звук]] до многу продорен, посебно во високите тонови. Најдлабокиот регистер, т.н. шалмајски[[шалмај]]ски, е многу специфичен по темната и драматична звучност.
 
Со обѕир на сето ова, меѓу дувачките инструменти кларинетот е најразновиден, па и во оркестрите често му се доделуваат истакнати улоги, а солистичката литература е многу богата. Тој наоѓа места во камерните ансамбли, претставува водечки мелодиски инструмент во дувачките оркестри, а посебно значајна улога има во [[џез]]от.
3.886

уредувања