Никола Киров Мајски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Никола Киров Мајски''' е роден на [[28 јуни]] [[1880]] година во [[Крушево]], во семејство со револуционерни традиции, кое потекнува од Охридско. Дедо му Трајко, познат по прекарот „железен Трајко“ своевремено важел за голем бунтар и народен закрилник. Татко му Киро бил зидарски мајстор, изучувајќи го старословенскиот, грчкиот јазик.
 
==Биографија и творештво==
Никола Киров Мајски основното образование го стекнува во родниот град а гимназијата во [[Битола]] и [[Солун]]. Неговата бедна положба уште повеќе се влошува кога во [[1892]] година умира мајка му и се разболува татко му. Сепак успева да добие стипендија и да се запише во Битолската неполна машка гимназија каде ќе ги направи првите чекори на револуционерното поле поврзувајќи се со неговиот воспитувач [[Пере Тошев]], за кого ќе рече: „ На учениците тој гледаше како на идни апостоли на слободата кои преку исполнувањето на својот патриотски долг ќе мораат да се соочуваат со маса тешкотии и да ги превозмогнуваат“ .