Македонци: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Mercy (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 77.28.180.70 (разговор), вратено на последната верзија на Kiril Simeonovski
Ред 301:
Четите под раководство на Димитар Поп Георгиев се префрлуваат во [[Пиринска Македонија]] и Бервско, кадешто следната година го организираат попознатото и поуспешно [[Кресненско востание]].
 
====Кресненско====
ПРЕЉЕПО ВЕ МОЉА ДА НЕ ГИ ЗАЧУАТЕ ПРОМЕНИТЕЕ
{{Главна|Кресненско востание}}
ВЕ МОЉА
По Разловечкото востание, Димитар Поп Георгиев се пријавува како доброволец во [[Русија|Руската]] армија во [[Одеса]], и од 1977 до 1878 учествува во сите поважни битки во војната. Имено, од редовите на македонските војници во Руската армија се раѓаат раководителите на Кресненското востание.
[[Слика:Iljo voevoda.jpg|мини|лево|150п|Илија Малешевски.]]
Кресненското Востание е организирано од македонските војници кои служат во [[Македонски полк|македонскиот полк]] во Руската армија, за време на Руско-Турската Војна од 1877-1878. Разочарани од тоа што Великите Сили не и дозволуваат на Русија да навлезе во Македонија, дел од македонските војници под командата на поручникот Димитар Поп Георгиев во соработка со локални луѓе од [[Пијанец|Пијанечко]] и [[Малешевски Планини|Малешевско]], организираат транспорт на оружје и муниција за вооружување на востанието. Како доброволци во востаничката војска се пријавуваат и [[Украинци]] од Руската армија<ref name="trajanovski" />.
[[Слика:Pecat na Kresnensko-razloveckoto vostanie.jpg|мини|десно|200п|Печат на Кресненското востание.]]
Востанието започнува на [[17 октомври]] [[1878]] година со нападот на [[Кресна|Кресненските]] анови во кои била сместена турската војска. Во нападот учествувале 700 востаници и селани од околните села. При самиот напад на турскиот гарнизон на востаниците им се предале 119 турски војници. По ослободувањето на [[Кресна]], востанието се проширило во околината и подалеку во [[Мелник|Мелничко]], [[Берово|Беровско]], [[Делчево|Делчевско]], [[Демир Хисар|Демирхисарско]], при што се создава голема слободна територија во областа на денешна источна Македонија<ref name="dokumenti za borbata" />.
 
Значајното за Кресненското востание е тоа што востаничките водачи, во ослободените територии воведуваат административна власт. Штабот на востанието на чело со [[Димитар Поп-Георгиев Беровски]] и Украинецот Калмиков, се нарекува „штаб на македонското востание“, прави свој печат, и издава правилник во кој востанието се нарекува ''Македонско'', а населението ''Македонци''<ref name="trajanovski" />.
 
По првите успеси, настанува спор и недоразбирање меѓу востаниците и бугарската егзархија. Турците го искористуваат расцепот, и на [[11 ноември]], по долготрајни борби успеваат да го задушат востанието.
 
====Илинденско====