Репликација на ДНК: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: ro:Replicare ADN
с Бот додава Шаблон: Без извори
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Слика:DNA_replication_split.svg|thumb|200px|right|Репликација на ДНК. Двојноспиралната молекула на ДНК се одмотува и секоја одмотана верига служи како шаблон за синтеза на нова, основајќи се на комплементарноста на базните парови.]]
'''Репликацијата''' (од ''replica'' што значи ''копија'') во [[генетика]]та означува процес со кој молекулата на [[ДНК]] се удвојува. Оваа активност се случува во [[интерфаза]]та од [[Делба на клетките|клеточниот циклус]] и преку неа клетките кои ќе се добијат од клеточната делба го наследуваат целокупниот [[геном]], односно целосниот сет од [[ген]]и присутни во еден организам. Кај [[еукариот]]ите, молекулите на ДНК кои го градат геномот се поврзани со [[протеин]]и и влегуваат во состав на [[хромозом]]ите, од кои секој содржи единечна линеарна ДНК молекула. Еукариотските хромозоми се наоѓаат во [[Клеточно јадро|клеточното јадро]]. Геномите на [[Бактерија|бактериските]] клетки ([[прокариот]]и), кај кои отсуствува јадрото, се најчесто кружни ДНК молекули (наречени [[плазмид]]и) кои се поврзуваат со посебни структури во [[Клеточна мембрана|клеточната мембрана]] (означени како [[епизом]]и). И покрај големата [[Еволуција|еволуциска]] разлика помеѓу прокариотите и еукариотите која се мери во милиони години, карактеристиките на процесот на репликација се зачувани и се многу слични кај двете големи групи на живи организми.