Повраќање: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: cy:Chwydu
с Бот додава Шаблон: Без извори
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Повраќањето''' или '''блуење''' ([[лат.]] ''vomitus'') претставува [[експулзија]] на содржината на [[желудник]]от преку [[Усна празнина|устата]]. Најчесто повраќањето е претходено со гадење, потење и зголемена саливација, но може да се случи и сосема ненајавено. Контролирано е од посебен центар во [[Черепен мозок|мозокот]], наречен [[центар за повраќање]] кој може да се надразни на повеќе начини. Најчесто, дразбата стигнува од [[Систем за варење|гастроинтестиналниот тракт]] (уста, [[хранопровод]], [[желудник]] и црева) кога било кој негов дел е премногу потечен, надразнет или иритиран. Нервни импулси, исто така, можат да пристигнат и од балансирачкиот механизам на внатршното [[уво]]. Центарот за повраќање тогаш испраќа импулси до абдоминалниот [[мускул]] задолжен за повраќањето. Мускулите на абдоменот тогаш се стегаат и [[дијафрагма]]та турка надолу. Овие контракции го притискаат абдоменот и го зголемуваат притисокот во него. Тогаш езофагниот [[сфинктер]] (мускулот помеѓу желудникот и езофагусот) се опушта со што дозволува на содржината на желудникот да излезе нагоре.