Нефертити: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: честопати -> често пати, сеуште -> сѐ уште
с Бот додава Шаблон: Без извори
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Нефертити''' (што се изговарало отприлика како нафратита) (1370– [[1330 п.н.е.]]) била Големата Кралска Сопруга (или главна придружничка/сопруга) на [[египет]]скиот [[фараон]] [[Акенатен]]/Акенатон/Ехнатон. Таа била мајка или маштеа на фараонот [[Тутанкамон]]. Нефертити веројатно владеела како фараонка според наследно право и тоа под името Нефернеферуатен веднаш по смртта на сопругот и пред доаѓањето на Тутанкамун, иако неговата идентификација е непотврдена според последните истражувања. Нејзиното име грубо преведено значи „убавата (или совршената) жена дојде“. Нејзиното име исто така е име за издолжен златен бисер што се нарекува ''нефер'', со кој често пати е насликана. Таа стана славна заради нејзината биста во Берлинскиот музеј. Таа биста е едно од најкопираните дела на древниот Египет. Припишана е на скулпторот Тутмос и била пронајдена во неговата гробница. Бистата е значајна, бидејќи укажува дека древните Египќани имале познавање за реалистичните фацијални пропорции.
Таа имала бројни титули. Така на пример во Карнак има натписи во кои стои; Наследничката, Полна со Доблести, Што поседува Шарм, Која зрачи Радост, Господарка на Милоста, љубената, што го утешува кралското срце во неговата куќа, Господарка на Горниот и Долниот Египет, Големата Кралска Жена, која ја љуби, Божицата на Двете Земји, Нефертити.