Социјална екологија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Bgljb (разговор | придонеси)
променив и дополнив содржина
Bgljb (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{никулец}}
 
'''Социjалната екологиja''' е теорија развиена од [[Мјуреј Букчин]] во шеесеттите години од дваесеттиот век. Според таа теорија, сегашните еколошки проблеми длабоко се длабоко вкоренети во социјалните проблеми, особено во доминирачките, хиерархиски, политички и економски системи. Исто така, на тие системи не може да им се дава отпор преку индивидуални акции како што е етичкиот конзумеризам, туку со етичко размислување и колективна активност засновани на радикални демократски идеали. Ставен е акцент на односите на луѓето со природата, заедно со важноста на поставувањето на социјалните структури што ќе го имаат тоа во предвид.
 
 
 
== Преглед ==
„Социјалната“ компонента на теоријата доаѓа од ставот дека речиси сите светски еколошки проблеми потекнуваат од социјалните проблеми. Социјалекологистите сметаат дека сегашните еколошки проблеми не може да се разберат, камо ли да се разрешат, без притоа да се решаваат проблемите внатре во општеството. Тие сметаат дека, освен оние еколошки проблеми предизвикани од приридни катастрофи, причините на најсериозните еколошки проблеми на XX-от XXI-от век се економски, етнички, воени, и сл.
 
Социјалната екологија е поврзана со идеите и делата на Мјуреј Букчин, кој пишувал на тие теми од педесеттите па се до неговата смрт. Често тие теми ги комбинирал со револуционерниот[[ Социјален анархизам]]. Неколку негови дела се: ''Пост-оскуден анархизам'', ''Кон еколошко општество'', ''Екологијата на слободата'', и др.