Вектор: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Бот додава Шаблон: Без извори
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Податотека:Vector by Zureks-mk.svg|thumb|right|250px|Елементи на векторот]]
Во [[математика]]та, под '''вектор''' се подразбира секоја величина која во себе носи информација за '''[[количество]]''' (квантитет) и '''качество''' (квалитет). Наспроти векторите, во математиката стојат [[скалар]]ите кои носат информација само за количество. Така, грубо речено, на пример, величината: ''три килограми'' е скаларна, додека величината: ''три килограми јаболка'' е векторска. Но, под квалитет во математиката може да се подразбираат и некои својства кои не чинат смисла за нематематичарите. Така на пример, отсечките може да ги сметаме за вектори, ако ги ''насочиме'', т.е. ако условно кажеме каде почнува, а каде завршува отсечката. Во овој случај квалитетот е ''насоката'', а за квантитет би ја зеле ''должината на отсечката''. Од друга страна секој [[скалар]] може да го сметаме за вектор со ''квалитет еднаков на нула'', при што смислата на квалитетот во овој случај е филозофска, т.е. имплицитна. Во [[физика]]та векторски величини се, на пример, [[брзина]]та,[[ забрзување]]то, [[сила]]та, [[импулс]]от и сл.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Вектор