Антонио да Сангало Постариот: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: cs:Antonio da Sangallo starší
с Бот додава Шаблон: Без извори
Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
[[Податотека:SBiagio von SO2- s.jpg|thumb|right|250px|Црквата Сан Бјаџо во [[Монтепулчијано]]]]
'''Антонио да Сангало Постариот''' ([[итал.]] ''Antonio da Sangallo il Vecchio''), ([[1455]] – [[27 декември]] [[1534]]), бил [[Фиренца|фиренски]] архитект од времето на италијанската [[Ренесанса]]. Татко му, [[Франческо Џамберти]] бил дрводелец, додека брат му [[Џулијано да Сангало]] и внук му (братанец) [[Антонио да Сангало Помладиот]] биле архитекти. Антонио долго и интензивно соработувал со својот брат, но извел и ред свои независни дела. Како воен инженер бил вешт како Џулијано, и изведувал важни јавни проекти како окружување со бедеми и градење на тврдини во [[Арецо]], [[Монтефјасконе]], [[Фиренца]] и [[Рим]]. За негово најубаво дело како архитект се смета црквата Сан Бјаџо во [[Монтепулчијано]], на основа на [[крст|грчки крст]] со централна купола и две кули, мошне налик на планот на [[Донато Браманте|Браманте]] за [[Базилика Свети Петар|базиликата Св. Петар]]. Изградил и палата во истиот град, разни цркви и палати во [[Монте Сан Савино]], а во Фиренца изградил низа манастирски објекти за Сервиските монаси. Антонио се пензионирал рано, и подоцнежните години ги провел во земјоделски активности.