Нуклеинска киселина: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Wutsje (разговор | придонеси)
rv
Ред 1:
'''Нуклеинските киселини''' претставуваат доста големи [[полимер]]и (односно [[полинуклеотид]]и) создадени од нивните [[мономер]]и - [[нуклеотид]]ите. Името ''нуклеински киселини'' потекнува од [[Латински јазик|латинскиот]] збор nucleus = јадро, бидејќи за прв пат се изолирани од [[Клеточно јадро|јадрото]] на [[Клетка|клетките]]. Структурно и функционално разликуваме два вида на нуклеински киселини: [[ДНК]] (деоксирибонуклеинска киселина) и [[РНК]] (рибонуклеинска киселина).

== Споредба на ДНК и РНК ==
== Сп

Сите нуклеинс
Сите нуклеински киселини (и ДНК и РНК) функционираат заедно (поврзано) во пренесувањето на наследните својства и во процесот [[Синтеза на протеини|синтеза на протеините]]. Но, тие се разликуваат во нивната градба (структура) и функција:

'''Табела: Главни разлики меѓу ДНК и РНК'''
{|border="1" cellspacing="0" cellpadding="4"
|-bgcolor="#CCCCCC" align="center"
!'''''Карактеристики на ДНК'''''!!'''''Карактеристики на РНК'''''

|Големина на [[молекул]]от: од неколку илјади до неколку милиони нуклеотиди||Варира од 100 до 100 000 и повеќе нуклеотиди

|Се среќава највеќе во јадрото и други [[Органела|органели]] ([[хлоропласт]]и, [[Митохондрија|митохондрии]])||Се среќава во јадрото и во [[цитоплазма]]та.

|Се состои од две [[Комплементарност|комплементарни]] полинуклеотидни низи ([[хеликс]])||Се состои од една полинуклеотидна низа која е комплементарна со една низа од ДНК (бидејќи настанува од неа)

|Во својата структура го содржи [[моносахарид]]от [[деоксирибоза]]||Во својата структура го содржи [[моносахарид]]от [[рибоза]]

|Се состои од [[Пиримидинска база|пиримидинските бази]] [[цитозин]] и [[тимин]]||Се состои од пиримидинските бази цитозин и [[урацил]]

|Според функцијата, има една и единствена ДНК||Според функцијата, има три вида на РНК: [[рибозом]]ска, транспортна и информациона РНК

== Општи својства ==

{| border="1" cellpadding="2" cellspacing="0" align="right" style="margin-left:1em"
|- align="center" valign=""
| [[Податотека:Adenine_chemical_structure.png|65px]]
[[Аденин]]

| [[Податотека:Cytosine_chemical_structure.png|65px]]
[[Цитозин]]

| [[Податотека:Uracil_chemical_structure.png|65px]]
[[Урацил]]

| [[Податотека:Thymine_chemical_structure.png|80px]]
[[Тимин]]

Нуклеинските киселини се многу големи молекули кои имаат два основни делови. "‘Рбетот (скелетот)" на една нуклеинска киселина е изграден од [[јаглехидрат]]ни и [[фосфат]]ни молекули кои наизменично се менуваат и се поврзани во долг ланец.

Секоја од јаглехидратните групи во скелетот е приврзана за трета група на молекула наречена нуклеотидна [[База (хемија)|база]].

Иако во една нуклеинска киселина се среќаваат само четири различни видови на [[нуклеотид]]ни бази, секоја ваква киселина содржи милиони бази приврзани за неа. Редот по кој овие нуклеотидни бази се поставени во молекулите на нуклеинските киселини претставува кодот за информацијата која се носи во истата молекула на нуклеинска киселина. Со други зборови, нуклеотидните бази служат како еден вид генетска азбука со која е кодирана структурата на секој [[протеин]] во нашето тело.

== ДНК (деоксирибонуклеинска киселина) ==