Еукариоти: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нова
 
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
'''Еукариотите''' се [[Организам|организми]] чии [[Клетка|клетки]] (означени како '''еуцити''') имаат [[Клеточно јадро|јадро]] во кое генетскиот материјал е одделен од [[цитоплазма]]та. Тоа ги прави посложени од [[прокариоти]]те, со кои ги споделуваат [[Клеточна мембрана|клеточната мембрана]] и [[рибозом]]ите. Освен по присуството на јадро, еуцитите се карактеризираат со најразлични [[Органела|цитоплазматични органели]] и со [[цитоскелет]]. Најголемата и најзабележлива органела на еуцитот е јадрото, со дијаметар од околу 5 μm. Генетскиот материјал во јадрото на еуцитите е организиран во линеарни наместо во кружни [[ДНК]] молекули. Јадрото е место каде се одвива [[репликација]]та на ДНК и [[Транскрипција (генетика)|синтезата]] на [[РНК]], додека [[транслација]]та на РНК во [[протеин]]и се одвива во рибозомите на цитоплазмата.
 
Еукариоти се [[протисти]]те, [[растенија]]та, [[Габа|габите]] и [[животни]]те. Името доаѓа од [[Грчки јазик|грчките]] зборови ευ, што значи добро/вистинско, и од ''κάρυον'', што значи лешник или јадро.
 
== Организација ==