Центромер: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нова
 
с Слики
Ред 1:
[[Податотека:Metaphase.jpg|thumb|десно|500п|Во метафаза од митозата, хромозомите се распоредени на екваторијалната рамнина прикачени со своите центромери за микротубулите.]]
[[Податотека:Anaphase.jpg|thumb|десно|500п|Во анафаза, хромозомите прикачени со своите центромери за микротубулите се движат кон половите.]]
'''Центромерот''' е специјализиран регион ('''центромерен регион''') на [[хромозом]]от кој игра клучна улога во осигурувањето на правилното движење на дуплицираните хромозоми кон ќеркините [[Клетка|клетки]] за време на [[митоза]]та. Клеточната [[ДНК]] се [[Репликација|реплицира]] за време на [[интерфаза]], што доведува до образување на две копии од секој хромозом пред започнувањето на митозата. Со влегувањето на клетката во митоза, кондензацијата на [[хроматин]]от води до создавање на [[Метафаза|метафазни]] хромозоми кои се состојат од две идентични сестрински [[Хроматида|хроматиди]]. Овие сестрински хроматиди се држат меѓусебно со помош на центромерот, кој се забележува како стеснет хромозомски регион. Со натамошниот тек на митозата, [[Микротубула|микротубулите]] од [[Делбено вретено|делбеното вретено]] се закачуваат за центромерот, по што двете сестрински хроматиди се одвојуваат и се движат кон спротивните полови на вретеното. При крајот на митозата, повторно се создаваат [[Јадрена мембрана|јадрените мембрани]], а хромозомите се декондензираат, што резултира во образување на ќеркини јадра што носат по една копија од секој родителски хромозом (од мајката и од таткото).