Александар Лурија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 30:
|footnotes =
}}
'''Александар Романович Лурија''' ([[руски]]: Алексáндр Ромáнович Лýрия) ([[1902]] – [[1977]]) ебил руски [[невролог]] и [[психолог]]. Се смета за еден од најпознатите невропсихолози на дваесетиот век. Негов примарен интерес било проучувањето на локализацијата на психолошките функции во [[мозок]]от, но учествувал и во бројни истражувања од областа на развојната психологија, повредите на предниот мозочен лобус, [[афазиологија]]та, културните аспекти на когнитивното функционирање, невропсихолошките рехабилитациони програми, интервенциите во образованието итн. Пишувал и лични биографии на луѓе со необични когнитивни карактеристики.
 
 
== Биографија ==
 
Роден е на 16 јули 1902 година во [[Казањ]], [[Русија]]. Како дете растел во културна средина и научил да зборува германски, француски и англиски јазик. Покажувал интерес кон [[филозофија]]та, [[историја]]та и [[книжевност]]а. Во 1917, се запишал на Универзитетот во Казањ. Како студент во новоформираниот Оддел за социјални науки останал до 1921 кога и дипломирал. Бил активен студент, па проучувањето на социологијата му побудило интерес и во психологијата. По дипломирањето, се вработил како асистент во Институтот за научна организација на трудот, а продолжил да студира и во Казањ на Педагошкиот институт и медицинското училиште. Рано во својата кариера Луриа увидел дека валидниот приод во психологијата бара инкорпорирање на динамските аспекти на однесувањето и го вклучува како биолошкото така и културното влијание. На крајот од 1921, се преселил во Москва и многу набрзо толку многу се заинтересирал во психоанализата што основал и претседавал со психоаналитички кружок, а се ангажирал и околу издавање на важни психоаналитички трудови. Преку кореспонденцијата со [[Сигмунд Фројд]], кружокот добил право да направи превод на руски на некои негови важни психоаналитички дела.
 
Ред 42 ⟶ 41:
 
== Културни експедиции ==
 
Во двете лета 1931 и 1932 година, Лурија организирал две психолошки експедиции во [[централна Азија]] во обид да најде понатамошна поддршка на културно-историската теорија. Истражувањето било планирано да вклучи повеќе познати научници вклучувајќи го и [[Виготски]] кој, за жал, бил премногу болен за да им се придружи во патувањата. Целта на истражувањата била да го проучува влијанието на културната и социјалната средина врз развојот на психолошките процеси во време кога во селата во [[Узбекистан]] и [[Киргистан]] се одвиваат брзи социјални промени. Поконкретно, истражувачите се интересирале за промените во перцепцијата решавањето проблеми и меморијата и нивната поврзаност со историските промени во економската активност и школувањето. Биле спроведени и бројни природни експерименти со писмени и неписмени луѓе. Научниците користеле опсервациски и клинички методи за да ја тестират нивната хипотеза дека структурата на човековите когнитивни процеси се разликува во зависност од начинот на живот на различните социјални групи. Откриле дека кај луѓето во чиишто животи доминираат конкретни, практични активности имаат различен начин на размислување од лужето во чиишто животи се бара абстрактен, вербален и теоретски приод кон реалноста. И покрај некои проблеми во интерпретирањето на податоците, истражувачите заклучиле дека културните фактори влијаат на менталните процеси и дека овие разлики исчезнуваат како што луѓето се изложуваат на поиндустриализирани ситуации. За жал, резултатите од овие културни истражувања не биле целосно анализирани или веднаш објавени, бидејќи сталиновата влада ги сметала таквите студии расистички. Дури по 40 години, записите од Лурија се објавени во книга.
 
Ред 49 ⟶ 47:
 
== Придонесот во невропсихологијата ==
 
Во годините пред Втората светска војна, Лурија главно работел на полето на [[невропсихологија]]та во невролошката клиника при Државниот институт за експериментална медицина. Работејќи со најразлични невролошки и неврохируршки случаи, Лурија прво го развил својот личен, креативен, детективски пристап кон невролошките дијагнози кој вклучува трагање по оштетените психолошки способности во рамки на функционалните психолошки системи. Пристапот на Лурија кон невропсихолошките дијагнози бил квалитативен по природа и користел мноштво ‘едноставни’ задачи за пациентот се додека не се идентификувал некој заеднички дефектен когнитивен фактор кој укажувал на оштетениот церебрален регион. Доста го заинтересирала и церебралната организација на говорните механизми како и ефектите од афазијата врз волевите акции.
 
Ред 61 ⟶ 58:
 
== Студии на случаи ==
 
Во подоцнежните години од својот живот Лурија особено многу пишувал на најразлични теми од психологијата. Навраќајќи се на својот ран идеал за создавање унифицирана психологија, напишал два важни труда за уникатни индивидуи со цел да понуди посинтетичка, поромантична перспектива за психологијата наспроти класичните, аналитички приоди.
 
Ред 71 ⟶ 67:
 
== Приватен живот ==
 
Во 1933 година Лурија се оженил со Лана Липкина и со неа имал една ќерка. Починал од [[срцева слабост]] на 14 август 1977 година.
 
Ред 86 ⟶ 81:
* [http://marxists.org/archive/luria/index.htm ''Архива за A.Р. Лурија''] {{en}}
* [http://luria.ucsd.edu/ ''Компаративно човечко однесување - A.Р. Лурија''] {{en}}