Фанула Папазоглу: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
Фанула Папазоглу
 
Jingiby (разговор | придонеси)
с влашко семеjство
Ред 1:
'''Фанула Папазоглу''' е родена на 3.02.1917 г. во [[Битола]], во влашко семеjство, каде што го завршува средното образование. Студира на Филозофскиот факултет во Белград класична филологија со историја на стариот век и археологија (1936-1941 г). За време на Втората Светска Војна, како член на студентската организација учествува во Народноослободителното движење од самиот почеток. Од октомви 1942 до април 1943г. е затворена во логорот на Бањица, а од септември 1944 г. преминува илегално во Срем.
 
Од мај 1945 г. живее во Белград, работи во Министерството за информации и во 1946г. диломира на Филозофскиот факултет. Во 1947 е избрана за асистент, а во 1949 за предавач на Катедрата за историја на стариот век. Докторирала 1955 г.и е избрана за доцент, а во 1960 г. за вонреден професор и шеф на Катедрата. За редовен професор е избрана во 1965 г. а подоцно и за академик. Целиот свој работен век д-р Фанула Папазоглу го поминува во Белград како професор по античка историја на Грција и Рим, грчка и латинска епиграфија и нумизматика, но таа е тесно поврзана и со Македонија, а особено активно соработува со списанието „Жива Антика“ од неговиот прв број (1951). Предметот на нејзиниот научен интерес е историјата на античка Грција и Рим од најстариот период до византиско време, потесно – историјата на старобалканските племиња, а особено политичката, културната и економската историја на античка Македонија, и тоа строго врз основа на критичко проверени литерарни, археолошки, епиграфски и нумизматички извори. Проф. Фанула Папазоглу има објавено опширни и мошне квалитетни студии за сите, доскоро малку познати палеобалкански племиња, но во центарот на нејзините научно-истражувачки преокупации е Македонија од периодот на римската доминација, во текот на околу 700 години.