Александар Прокопиев: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Public (разговор | придонеси)
започната статија
(нема разлика)

Преработка од 12:51, 5 ноември 2009

Александар Прокопиев (Скопје, 1953) е македонски прозаист, есеист и поет.

Основни биографски податоци

Прозаист и есеист. Роден во Скопје, 1953. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот Факултет во Белград, на групата за компаративна книжевност и теорија на литературата. Работи во Институтот за македонска литература при Филолошкиот факултет во Скопје.

Основоположник на постмодернизмот во современата македонска литература. За новелата „Ѕиркачот“ беше номиниран за книжевната награда „Балканика“ во 2007 година.

Делата на Прокопиев се преведени на англиски, јапонски, француски, чешки, германски, унгарски, полски, италијански, руски, српски и бугарски јазик.

Член е на Независните писатели на Македонија.

Творештво

Проза: Младиот мајстор на Играта, 1983; …или…, 1987; Пловидба кон Југ, 1988; Слово за змијата, 1992; Арс аматориа, 1997 (избор раскази на српски); Арс аматориа, 1998. Есеи: Дали Калимах беше постмодернист?, 1994.

  • Младиот мајстор на Играта (раскази), 1983
  • …или… (раскази), 1987
  • Пловидба кон Југ (раскази), 1988
  • Слово за змијата (раскази), 1992
  • Ars amatoria (раскази), 1998
  • Слика тркало (хаику), 1998
  • Дали Калимах беше постмодернист? (есеи), 1994
  • Патување на сказната (есеи), 1996
  • Антиупатства за лична употреба, 1996/2000
  • Постмодерен Вавилон (есеи), 2000
  • Човекот со четири часовници (раскази), 2003
  • Борхес и компјутерот (есеи), 2005
  • Ѕиркачот (новела), 2007.

Референци