Ирачка војна: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: ar, bg, bs, ca, cy, et, hr, hu, ja, ko, mwl, ro, simple, ta, tr, zh Брише: cs, de, fi, he, it, la, lb, nl, sv, th, uk, wa Менува: da, en, es, fr, id, no, pt, ru, sr, vi
с Бот Менува: pt:Invasão do Iraque em 2003; козметички промени
Ред 1:
'''Ирачката војна''' започна на [[20 март]] [[2003]] година и трае до денес. Завојувани страни се: од една страна [[САД]], [[Велика Британија|Британија]], нивните сојузници и новосоздадената ирачка војска, а од друга страна, во првата фаза од војната, војската на [[Садам Хусеин]], а во втората фаза - разни фракции на ирачки [[герила|герилци]].
 
== Кризата околу Ирак ==
 
Уште од времето на [[Заливска војна|Заливската војна]], [[Ирак]] беше принуден да соработува со [[Обединети Нации|Обединетите Нации]] во однос на уништувањето на своето оружје за масовно уништување. Прашањето со оружјето за масовно уништување во Ирак се актуелизира неколку месеци по [[напади од 11 септември 2001 година|нападите од 11 септември 2001 година]]. Американската влада почна да инсистира дека Ирак сè уште поседува [[оружје за масовно уништување]] и дека поради тоа претставува закана за светскиот мир. Истовремено, од летото [[2002]] година американски и британски авиони почнаа да вршат бомбардирања во [[зони за забранети летови|зоните за забранети летови]]. Подгревајќи ја воената атмосфера, [[Конгресот на САД]] на [[16 октомври]] усвои Одобрение за употреба на воена сила. ОН беа принудени да испратат нови инспектори за да ја утврдат основаноста на американските обвинувања. Новата мисија инспектори, предводени од [[Ханс Бликс]], започна со работа на [[18 ноември]] 2002 и покрај сите инспекции, не можеа да утврдат постоење на оружје за масовно уништување.
Ред 7:
И покрај тоа, како и покрај тоа што не успеа да го убеди [[Совет за безбедност на ОН|Советот за безбедност на ОН]] да одобри воена акција против Ирак, САД на [[17 март]] 2003 упати ултиматум до Садам Хусеин да го напушти Ирак и, по неговото одбивање да го направи тоа, на [[20 март]] ја започна инвазијата врз Ирак. Постапувајќи на таков начин, САД и неговите сојузници ја прекршија [[Повелба на ОН|Повелбата на ОН]]. Тоа го потврди и тогашниот генерален секретар на ОН, [[Кофи Анан]], кој во својата изјава од [[16 септември]] [[2004]] година изјави за инвазијата: „Посочив дека таа не е во согласност со Повелбата на ОН. Од наша гледна точка, од гледна точка на Повелбата, таа беше нелегална.“
 
== Инвазијата врз Ирак ==
 
[[Инвазија]]та врз Ирак траеше од [[20 март]] до [[1 мај]] 2003 година. Тоа беше судир помеѓу американските и британските инвазиски сили и војската на Садам Хусеин. При тоа, инвазиските сили соработуваа и со [[Курди|курдските]] бунтовници на северот од земјата.
Ред 15:
Инвазиските сили брзо напредуваа кон [[Багдад]], кој падна на [[9 април]] 2003 година. Потоа отпорот беше значително послаб и на 1 мај 2003 [[Џорџ Буш]] прогласи крај на главните воени операции.
 
== Окупација на Ирак ==
 
Соборувајќи го режимот на Садам Хусеин, сојузничките сили ја започнаа [[окупација]]та на Ирак, најавувајќи дека по одреден период ќе и' ја предадат власта на новата ирачка влада што ќе се формира. И покрај објавата на Буш дека војната е завршена, многу брзо окупациските сили забележаа пораст на нападите врз нив, особено во т.н. „[[Сунитски триаголник]]“. На почетокот отпорот го предводеа лојалистичките сили на Садам Хусеин, но набрзо на отпорот му се приклучија разни религиозни групации и Ирачани незадоволни од наметнатата окупација и режимот што беше воведен. Окупацијата на Ирак од страна на САД, Британија и нивните сојузници официјално траеше до [[28 јули]] [[2004]] кога власта {{Уникод|ѝ}} е предадена на Привремената влада, но странските сили сè уште се присутни во земјата и ја имаат вистинската власт.
Ред 23:
Окупациските сили сè уште немаат пронајдено оружје за масовно уништување, што беше главното оправдување за започнување на нападот врз Ирак.
 
== Меѓународни реакции на Ирачката војна ==
 
Според испитувањата на јавното мислење, војната беше непопуларна уште од почетокот во речиси сите земји кои испратија свои војници како дел од окупациските сили во Ирак, сметајќи ја војната како контрапродуктивна, несоодветна, па дури и нелегална. Во САД на почетокот војната имаше поддршка, но од летото [[2005]] и мнозинството од американската јавност не смета дека војната беше исправен потег.
Ред 29:
Војната не ја поддржаа ниту неколку клучни НАТО партнери на САД и Британија, како [[Франција]], [[Германија]] и [[Турција]], а значителен број држави сојузнички на САД и Британија кои на почетокот од војната испратија свои војници во Ирак, подоцна ги повлекоа своите контингенти, поради острите реакции на домашната јавност.
 
== Македонија и Ирачката војна ==
 
[[Влада на Република Македонија|Владата на Република Македонија]] и политичките партии на власт и во опозиција ја поддржуваат интервенцијата уште од самиот почеток. Како резултат на таа политика, Република Македонија од [[1 јуни]] [[2003]] година учествува во [[мултинационални сили во Ирак|мултинационалните сили во Ирак]] со контингент од 30-тина војници. Критиките на македонското учество во Ирачката војна се сведени на минимум, а општото мислење е дека македонското учество ги зголемува шансите за земјата да стане членка на [[НАТО]].
 
== 5 години од почетокот на Ирачката војна ==
 
На петгодишнината од почетокот на Ирачката војна (20. март 2008.), Американскиот претседател [[Џорџ Буш]] изјави дека војната во Ирак имала висока цена, но и дека испраќањето нови американски војници отворило пат кон голема победа. Буш констатира дека успехот во Ирак е неспорен, a достигнувањата на американските војници отвориле и врата кон голема стратешка победа во војната против тероризмот.<ref>[http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=90909 Пет години од почетокот на војната во Ирак (МИА).]</ref>
Ред 40:
 
 
== 6 години од почетокот на Ирачката војна ==
 
Речиси шест години од почетокот на Ирачката војна, на 27. февруари 2009, Американскиот претседател [[Барак Обама]] постави рок за завршување на војната во Ирак, според кој сите војници на САД ќе го напуштат Ирак до крајот на 2011 година. Обама рече дека "според секоја мерка, тоа е веќе многу долга војна". Загинале 4.425 американци, јавноста во САД се поделила, а се нарушиле и односите на САД со светот.
Ред 46:
Од 142.000 војници, САД планираат да повлечат помеѓу 92 и 107.000 до август 2010, а останатите да ја променат мисијата од воена во обука на ирачките безбедносни сили.<ref>[http://www.guardian.co.uk/world/2009/feb/27/obama-iraq-war-end-august-2010 Гардијан: Шест години по инвазијата, Обама поставува план за излез. (англ.)]</ref>
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=37132 Пауел призна дека нема да биде најдено ирачкото оружје за масовно уништување]
* [http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=37240 Aнан: „Американското влегување во Ирак е незаконско“]
* [http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=142&ArticleID=5909 „Анан: Направивме голема грешка во Ирак“]
* [http://www.templum.com.mk/stopwar/stopwar-index.htm Темплум: Македонска страница против Ирачката војна]
* [http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=74793 Коалициски трупи во Ирак]
* [http://www.morm.gov.mk:8080/morm/mk/ARM/missions/iraq.html Министерство за одбрана: Учество во мисијата „Слобода за Ирак“]
 
== Референци ==
 
{{reflist}}
Ред 79:
[[no:Invasjonen av Irak i 2003]]
[[pl:II wojna w Zatoce Perskiej]]
[[pt:Invasão do Iraque em 2003]]
[[ro:Invazia Irakului din 2003]]
[[ru:Вторжение коалиционных сил в Ирак (2003)]]