Георги Старделов: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Георги Старделов''' е естетичар, есеист, литературен критичар, теоретичар и академик...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Георги Старделов''' е естетичар, есеист, литературен критичар, теоретичар и академик. Роден е во 1930 г. во Гевгелија.
 
Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Докторирал на Филозофскиот факултет во 1965 г. Бил професор на Филозофскиот факултет, претседател на Друштвото на писателите на Македонија и македонскиот ПЕН центар, почесен член е на Асоцијацијата на шпанските писатели и на МАНУ. Старделов е плоден научен работник во повеќе дисциплини (филозофија, историја, естетика, теорија и социологија на културата и уметноста, историја на литературата.
 
Автор е на повеќе книги, есеи и критики („Модерното и модернизмот“, „Светови“, „Антеј бара почва“, „Антеј ја допира земјата“, „Доба на противречности“, „Меѓу литературата и животот“, „Изморена авангарда“, „Портрети и профили“, „Одземање на силата“ и др.). Изработил портрети и анализи на истакнатите творци Блаже Конески, Славко Јаневски, Анте Поповски, Ацо Шопов и др. Составил повеќе антологии на македонската поезија и проза. Добитник е на наградите „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Кочо Рацин“, „Димитар Митрев“ и др.