Велес: Разлика помеѓу преработките

Додадени 53 бајти ,  пред 12 години
с (Бот Менува: lt:Velesas (miestas))
 
===Среден век===
;Словенизација
Позицијата на Велес, на главна раскрсница на патиштата на Балканот, [[Виа Игнација]] и [[Виа Милитарис]] и многуте други локални комуникациски врски, била интересна за [[македонски словени|словенското население]] кое во [[6 век|VI век]] навлегло на [[Балканскиот полуостров]]. Походите најпрво биле пајонски, а дури потоа кога грото од староседелците (романизирано население од македонско, пајонско и римско потекло) се повлекло кон приморјето и во планинските предели, а словените почнале да ги населуваат. Границата помеѓу антиката и средниот век на тлото на велешкиот регион може да се определи конкретно во 70-тите и почетокот на 80-тите години на VI век. Тогаш се создадени првите [[склавинии]] (словенските територии) на територијата на Македонија. Ги зафатиле низиските плодни области покрај Вардар, [[Тополка]] и [[Бабуна]] при што ги разурнувале градовите и крепостите. Се изменил и етничкиот состав на населението и [[топонимија]]та. Тие станале доминантен етнос и по својот говор ги именувале местата. Главниот градски центар тврдината на вливот на реката Тополка во Вардар, тогашна ''Вила Зора'', го добил името ''Велес''.
 
 
;Самоилово царство и Византија
Со освојувањето на [[Скопје]] од страна на Византија, во [[1004]] година, велешката област станала гранична територија на македонската држава и добила улога на заштитник на нејзините цетрални делови. [[Царот Самоил]] се обидувал да го запре Византиското навлегување, но во [[битката на Беласица]] во [[1014]] година доживеал катастрофален пораз. Со освојувањето на [[Прилеп]] и [[Штип]], Велес останал отсечен од Македонија. Успевал да опстои само до [[1018]] година кога за прв пат од доаѓањето на Словените бил принуден да потпадне под директна византиска власт т.е. да стане дел на византиското царство. Воено-административно Велес во Византиското владеење припаѓал на [[Тема Бугарија|темата Бугарија]], но начинот на живот, даноците и религиската припадност останалене непроменети. Велес сѐ уште бил дел на Битолската епархија во составот на [[Охридската патријаршија]] на која и е одземен рангот,jas.
 
===Под турска власт===
Анонимен корисник