Кантата: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Simata (разговор | придонеси)
Создадена страница со: '''Кантата''' (од латинскиот збор ''cantare'', пеење) претставува музички облик на вокална ко...
 
Simata (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
Примери за типична кантата можат да се пронајдат во [[црковната музика]] на [[Џакомо Карисими]], како и во делата на [[Хенри Персл]].
 
По популаризирањето на ''[[ариа да капо]]'', кантатата станува група на две или три арии поврзани со речитатив. Италијанските дуети и триа на [[Георг Фридрих Хендл]] се типичен пример за оваа обновен пристап.
 
Тематиката и текстовите на кантатата кај композиторите варирала од црковни до световни содржини.
 
Меѓу најзначајните композитори на кантати бил [[Јохан Себастијан Бах]], кој ги напишал над 200. Кај него најзастапени биле хорските кантати, најчесто со црковна тематика, користени во мисите каде тој бил капелмајстор. Најпознати му се [[Пасија по Јован]] и [[Пасија по Матеј]], кои неретко се рангирани и како ораториуми, поради обемноста и генијалноста на неговиот пристап, пишувани по соодветните новозаветни евангелија и посветени на последните денови од животот на [[Исус]].
 
Познати е историјата на кантатите „[[При д Ром]]“ на [[Ектор Берлиоз]], напишани како облигаторна композиција за натпреварот „Римска награда“ (При д Ром) во [[1830]], кога тој и успева да победи.
 
И кантатата „Риналдо“ на [[Јоханес Брамс]] е пишувана по повод хорски натпревар во Ахен во [[1863]] на кој композиторот сепак не се пријавил. Пишувана е за соло тенор, четири машки хора и оркестар, во форма на серија од дијалози помеѓу витезот Риналдо, опчинет од вештерката Армида, и неговите другари витези, кои го повикуваат на патот на должноста. Ја довршил во [[1868]]. Можеби најголемиот проблем за изведувањето е потребата од околу 300 машки хористи, со што би биле составени 4-те потребти хора.
 
Триптихот кантати на [[Карл Орф]] наречен „''Трионфи''“: [[Кармина Бурана]], [[Кармина Катули]] и [[Трионфо ди Афродите]], од кои далеку најпозната е првата, Кармина Бурана, претставуваат современ пристап кон оваа форма.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Кантата