Плешка: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Средување
с Во согласност со текстот
Ред 2:
| [[Image:Gray202.png|180px]] | [[Image:Scapula ant numbered.png|180px]]
|-
| '''Слика 1 :''' Лева скапула. КосталнаПредна површинастрана.
|-
| [[Image:Gray203.png|180px]] | [[Image:Scapula post numbered.png|180px]]
|-
| '''Слика 2 :''' Лева скапула. ГрбнаЗадна површинастрана.
|}
Кај [[човек]]от, '''плешката''' или '''лопатката''' (односно '''scapula''') е триаглеста плочеста [[коска]] прилепена за задната страна од [[Граден кош|градниот кош]], протегајќи се од второто до седмото [[ребро]]. На неа се разликуваат две страни, предна и задна, потоа три раба и три агли. Предната страна од лопатката е означена како ребрена страна, бидејќи прилегнува на ребрата. Таа во целост е вдлабната во подлопаткина јама (''[[fossa subscapularis]]'') каде што се поврзува истоимениот [[мускул]]. Задната страна од лопатката со помош на лопаткин гребен (''[[spina scapulae]]'') е поделена на две јами и тоа горна надгребна јама и долна, подгребна јама. Во јамите се поврзуваат истоимените мускули. Лопаткиниот гребен насочен латерално завршува со коскено задебелување или натпрелка ''acromion''. [[Акромион]]от носи [[зглоб]]на површина за зглобување со акромијалниот крај на [[Клучна коска|клавикулата]]. Аглите од лопатката се три на број и тоа горен, долен и латерален. На латералниот агол се наоѓа зглобна вдлабнатина (''[[cavitas glenoidalis]]'') за зглобување со коската на [[Надлактица|надлактот]] (''humerus''). Над зглобната вдлабнатина се наоѓа коскен израсток налик на клун (''[[processus coracoideus]]''). На него се поврзуваат повеќе мускули и врски. Рабовите од лопатката се исто така на број три: латерален, горен и медијален. Медијалниот е оддалечен од [[‘Рбетен столб|'рбетниот столб]] за 5 - 6 cm.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Плешка