Балиски тигар: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Vekip8 (разговор | придонеси)
нова статија
(нема разлика)

Преработка од 10:38, 25 октомври 2009

Балиски тигар
Податотека:PantheraTigrisBalicaHeineman.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Felidae
Род: Panthera
Вид: Panthera tigris
Подвид: P. t. balica
Триномен назив
Panthera tigris balica
(Schwarz, 1912)
Распространетост

Балискиот тигар (Panthera tigris balica) е изумрен подвид на тигар кој живеел на малиот индонезиски остров Бали. Ова е еден од трите подвидови тигри кои живееле во Индонезија, заедно со јаванскиот (изумрен вид) и суматранскиот тигар (критично загрозен вид).

Овој подвид бил најмалиот од сите подвидови тигри. Прогласен е за изумрен на 27 септември 1937 година откако била убиена тигрица во Сумбар Кима, во западниот дел на Бали. Поради малата површина на островот и слабата покриеност со шуми, се верува дека ни базичната популација не била многубројна. Како главна причина за изумирањето на овој подвид се наведува уништувањето на природното живеалиште и ловот[2].

Карактеристики

Балискиот тигар бил најмалиот од осумте подвида на тигри. Неговата големина може да се спореди со онаа на африканскиот леопард или северноамериканската пума. Тежината на мажјаците била 90-100 килограми, а на женките 65-80 килограми. Во должина, мажјаците достигнувале должина од 220 сантиметри, а женките 195-200 сантиметри. Балискиот тигар имал кратко темно портокалово крзно со пруги кои биле потемни и поретки од кај останатите подвидови. Повремено, помеѓу пругите можело да се забележат и мали црни точки. Балиските тигри поседувале и доста карактеристични шари на главата.

Исхрана

Како и останатите членови на фамилијата Felidae, и балискиот тигар е карнивор. Овие животни ги ловеле повеќето цицачи кои живееле на островот. Главен извор на храна им биле дива свиња, елен руса, мунтџак, дива кокошка, гуштери, мајмуни и најверојатно див бантенг (кој денес исто така е исчезнат на островот). Единствен познат предатор на балиските тигри бил човекот.

Размножување

По парењето, носењето на плодот кај женките трае во просек 103 дена. Најчесто се раѓаат 2-3 младенчиња во секое легло. Како и кај останатите мачки, и младите балиски тигри се раѓаат слепи. Младенчињата стануваат целосно независни на возраст од 18 месеци до 2 години. Балиските тигри живеат во просек 8-10 години.

Односи со јаванскиот тигар

Постојат две заеднички територии на балискиот и јаванскиот тигар. Првата идеја била дека двата подвида се развиле откако Бали станал изолиран од Јава со формирањето на балискиот теснец поради подигањето на нивото на морето по леденото доба. Ова ги поделило двете групи на тигри кои потоа се развивале независно еден од друг.

Втората веројатност е дека тигрите го препливували теснецот за да го колонизираат другиот остров. Балискиот теснец е широк само 2,4 километри, што не е многу доколку ги гледаме пливачките способности на просечен тигар.

Тигрите во Бали

Тигрите во Балиската култура

Податотека:Balicolor.jpg
Балиски тигар убиен во 1925 година. Се претпоставува дека биле европски ловци кои имале водичи од локалното население.

Во балиската култура, тигарот завзема почесно место во народните приказни и традиционалната уметност. Сепак, тигрите биле сметани за уништувачка сила и напори за нивно убивање постоеле се до нивното целосно изумирање.

Луѓето во Бали сметале дека прав направена од мустаќи на тигар е моќен и незабележлив отров, кој се употребувал за непријателите[3]. Според истата книга која го споменува ова, „Остров на боговите“ (Мигел Коварубиас, 1937), на секое новороденче му било давано заштитна амајлија – ланче со црн корал и „заб од тигар или дел од коска од тигар“[4].

Како и во повеќето азиски држави, многу од луѓето на овој остров носат накит направен од делови на тигар, како статусен симбол или од спиритуални убедување (за заштита и моќ). И денес се уште има ланчиња од заби и канџи, или машки прстени со дел од заб. Бидејќи популациите на тигри и во Бали и во Јава се целосно исчезнати, место делови од тигри се употребуваат и делови од леопард или сончева мечка.

Лов на тигрите

 
Лов на баронот Оскар Војнич. Балискиот тигар е убиен во северозападниот дел на Бали, ноември 1911 година.

Едно од најкомплетните забелшки за балиските тигри е оставена од унгарскиот барон Оскар Војнич, кој фатил, убил и сликал балиски тигар. На 3 ноември 1911 година, тој убил возрасна единка во северозапаниот дел на островот што е документирано во неговата книга „Во источноазискиот архипелаг“ (Будимпешта,1913) [5]. Според истата книга, највообичаен метод за фаќање тигри било со употреба на големи, челични стапици за нозе, употребувајќи како мамка коза или мунтџак. Потоа заробениот тигар бил убиван од кратко растојание со огнено оружје.

Како и во овој пример, последниот удар на популацијата на тигрите бил зададен за време на холандскиот колонијален период, кога биле организирани ловечки патувања за европјаните кој доаѓале од Јава. Потврдено е дека сурабајскиот правач на оружје Мунот, убил над 20 тигри во период од само неколку години[5].

Последниот тигар бил возрасна женка убиена на 27 септември 1937 година во Сумбар Кима, западниот дел на Бали. Одтогаш има пријави за забележување на тигри меѓутоа без никакви докази. Вакви изјави од шумари имало во 1952, 1970 и 1972 година. Послендните тигри биле „истуркани“ во запаниот дел на островот, претежно во регионот каде што сега се наоѓа Националниот парк Бали Барат, кој е создаден во 1947 година.

Балискиот тигар никогаш не бил снимен на филм ниту чуван во зоолошка градина, но во некои музеи се зачувани черепи, кожи и коски. Во Британскиот музеј во Лондон, се чува најголемата колекција со 2 кожи и 3 черепи. Останатиот дел се чуваат во Сенкенберг Музејот во Фракнфурт, Натуркунде Музејот во Штудгарт, Натуралис музејот во Лејден и Зоолошкиот музеј во Богор, Индонезија каде се чуваат останките од последнио балиски тигар. Во 1997 година, во Унгарскиот музеј за историја на природата е пронајден уште еден череп кој потоа бил детално истражуван[6].

Референци

  1. Panthera tigris ssp. balica. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 6 јануари 2009.
  2. petermaas.nl
  3. Miguel Covarrubias, Island Of Bali, 1937, NY published by Alfred A. Knopf Inc., pp. 75.
  4. Miguel Covarrubias, Island Of Bali, 1937, NY published by Alfred A. Knopf Inc., pp. 105.
  5. 5,0 5,1 Vojnich, G. 1913: A Kelet-Indiai Szigetcsoporton [in the East Indian Archipelago]. Singer & Wolfner, Budapest, pp. 264.
  6. Buzas, B. and Farkas, B. 1997. An additional skull of the Bali tiger, Panthera tigris balica (Schwarz) in the Hungarian Natural History Museum. Miscellanea Zoologica Hungarica Vol 11 pp: 101-105.

Надворешни врски