Љубовта е вечна: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 23:
 
==Синопсис==
Фамилијата Елисалде живее среќен и хармоничен живот на својата хациенда. Стариот дон Гонзало е среќно оженет со Монсерат и имаат пет деца - Фернанда, Лилијана, Сантјаго, Камило и Анибал. Фернанда другарува со Едуардо, синот на готвачката Соледад и од мали нозе меѓу нив постои интересна поврзаност.
Фернанда е најмладата ќерка на Гонзало Елизалде, газда на голема хациенда и важна млечна компанија. Едуардо е син на Соледад, нивната слугинка. Двете деца биле заедно одгледани, без разлика на нивните класни разлики, бидејќи тие се споени од една чиста и невина љубов. Гонзало е женет и има среќен живот со неговата сопруга Монсерат и нивните 5 деца, свесен на опасностите што го чекаат. Артемио Браво го мрази Гонзало и единствената негова цел е да ја уништи цела фамилија Елизалде, полека и болно. Неговиот прв шпион за таа перверзна игра е Ребека Санчез, бескрупулозна млада жена која ја осигурува позицијата во компанијата на Гонзало под името Барбара Греко. Нејзината способност, делотворност и остар карактер го маѓепсува Гонзало и ја вработува како негов личен асистент. Со текот на времето таа ја добива целата негова верба. Првите почетни цели на Барбара се Фернанда и Едуардо. Фаќајќи ги двајцата во млад невин бакнеж, таа му кажува на Гонзало дека тој е опасност за неговата ќерка и дека треба да оди во воено училиште надвор од градот. Но детските писма кои Едуардо и ги праќал на Фернандо се стопирани од Соледад, неговата мајка, сфаќајќи го тоа дека таа љубов е невозможно, додека пак Фернанда помислува дека тој целосно заборавил на неа. Следниот потег на Артемио т.е наредба која мора да ја изврши Барбара е тоа таа да стане кралицата на Гонзало, а тоа значи дека Монсерат мора да умре. Барбара ја убива Монсерат со перница, а згора на се и подметнува на ќерката на Гонзало, Лилијана, дрога и ја обвинува за смртта на мајка и. Поради тие дроги и апчиња, Лилијана ја носат во психијатриска болница каде и покрај нејзиното добро здравје, таа таму се пореметува. После некое време, Гонзало се венчава за Барбара и и дава место во одборот на неговата компанија. Соледад е единствената која ги сфатила и ги знае сите злосторства на Барбара, но таа е присилена да ја крие тајната. Со години таа живее во страв, и недостасува нејзиниот син Едуардо и е под закана дека ако каже за злосторствата на Барбара, нејзиниот син ќе биде убиен. Времето поминува и Едуардо се враќа после завршувањето на магистратурата во странство, само за да дојде кај својата мајка која е тешко болна. Таа му кажува за нејзините стравови и тој решава да стави се под ред. Барбара добива свој нов соучесник, Дамјан, кој се вљубува во Фернанда и ќе се ожени со неа. Користејќи го името Франко Санторо, Едуардо добива вработување во фирмата на Гонзало и е решен да ги открие маскираните лица на сите одговорни за злосторствата и неговото минато. Фернанда е привлечена од новиот дојденик, и наскоро дознава дека детската љубов никогаш не згаснала. Пред нејзината смрт, Соледад и дава на Лилијана мал ковчег каде се чуваат сите тајни и неволји, во надеж дека еден ден ќе се ослободи и ќе ги каже сите гревови кои и го уништија животот. Недолго после тоа, Едуардо со помош на Лилијана им ја откриваат Барбара на полицијата. Но во откривувањата се дознава дека Артемио е полубрат на Гонзало и дека неговата цел е да го уништи него и неговата фамилија. Дамјан и Барбара продолжуваат со своите завери. Црниот облак кој виси над семејството Елизалде е конечно подигнат, но ништо нема да стои на патот кон среќата на Едуардо и Фернанда, бидејќи тие знаат дека најголемата сила е вистинската љубов. Денес можеби е невозможно... но утре е засекогаш.
 
Семејството Елисалде не знае дека е цел на напад од страна на еден мистериозен човек Артемио Браво, кој живее за да го уништи семејството Елисалде поради настани од минатото. Неговиот прв шпион за таа опасна игра е Ребека Санчез, бескрупулозна и ладнокрвна млада жена која е пратена од Артемио Браво да ја уништи фамилијата Елисалде, па затоа таа се вработува во компанијата на Елисалде под името Барбара Греко и станува лична аситентка на дон Гонзало поради нејзината способност за манипулација со луѓето. Со текот на времето, Барбара Греко ги придобива сите членови во семејството, освен Лилијана, најстарата ќерка на дон Гонзало. Првата наредба која Барбара Греко ја добива од својот шеф Артемио е да ги уништи готвачката Соледад и нејзиниот син. Фаќајќи ги Фернанда и Едуардо во млад невин бакнеж, Барбара му кажува на Гонзало дека Едуардо е опасност за неговата ќерка и дека тој треба да оди во воено училиште надвор од градот. Така, Гонсало ги разделува Фернанда и Едуардо, на големо незадоволство на децата Следната задача која мора да ја изврши Барбара е да стане госпоѓа Елисалде, да се омажи со Гонзало, а пред тоа да ја тргне Монсерат од патот. Барбара ја убива Монсерат со перница, а и поставува дрога на Лилијана и ја обвинува за смртта на мајка и, па така Лилијана е пратена во лудница. На чистиот пат, Барбара успева да се омажи со Гонзало, да влезе во компанијата како газдарица и да почне со планот за финансиско уништување на Елисалде. Соледад е единствената која ги дознава сите злосторства на Барбара, но е прнудена да молчи затоа што Барбара и се заканува дека ќе и го убие синот. Затоа и Соледад е принудена да спречи било какво поврзување на Фернанда и Едуардо во текот на годините.
 
Годините поминуваат... Лилијана е во лудница и е постојано дрогирана од луѓе на Барбара Греко. Барбара манипулира со целата фамилија и добива свој нов соучесник - Дамјан, кој ќе треба да се ожени со Фернанда.
Едуардо после завршувањето на магистратурата во странство се враќа дома кај својата мајка која е тешко болна. Таа му кажува за нејзините стравови, за злосторствата на Барбара, потоа умира и Едуардо решава да ја одмазди нејзината смрт така што ќе ја натера Барбара да плати за се. Користејќи го името Франко Санторо, Едуардо успева да започне соработка со компанијата на Елисалде, а притоа никој да не се посомнева дека е тој всушност синот на готвачката Соледад. Фернанда е привлечена од новиот дојденик чија цел е да се одмазди и на Барбара, и на Фернанда за која мисли дека многу лесно го заборавила. Пред нејзината смрт, Соледад и дала на Лилијана мал ковчег каде се чуваат сите тајни и неволји со надеж дека еден ден ќе се ослободи и ќе ги каже сите гревови кои и го уништија животот. Едуардо со помош на Лилијана ќе им ја открие Барбара на полицијата. Црниот облак кој виси над семејството Елизалде е конечно подигнат, но ништо нема да стои на патот кон среќата на Едуардо и Фернанда, бидејќи тие знаат дека најголемата сила е вистинската љубов. Денес можеби е невозможно... но утре е засекогаш.
 
==Улоги==