Собрание на Република Македонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Слика:SobraniemkMacedonianassembly.jpgJPG|thumb|250px|right| [[Палата на Собранието на Република Македонија]].]]
{{Политика на Република Македонија}}
'''Собранието на Република Македонија''' е претставнички орган на граѓаните и носител на [[законодавна власт|законодавната власт]]. Собранието е [[Еднодомен парламент|еднодомно]] и според [[Устав на Република Македонија|Уставот на Република Македонија]] може да биде составено од 120 до 140 [[пратеник|пратеници]], но во сите досегашни состави беа избирани по 120 пратеници. Пратениците се избираат на општи и непосредни [[избори]] со тајно гласање. Право да биде избран за пратеник има секој државјанин на РМ кој наполнил 18 години живот, има деловна способност и не се наоѓа на издржување на казна затвор за сторено кривично дело. Пратениците во Собранието на РМ ги претставуваат граѓаните во Собранието, при што одлучуваат по сопствено уверување. [[Мандат]]от на пратениците трае четири години и тие не можат да бидат отповикани. За листа, видете [[Листа на пратеници во Собранието на Република Македонија]]. На чело на Собранието стои [[Претседател на Собранието на Република Македонија|претседателот на Собранието на Република Македонија]], моментално [[Трајко Вељановски]].