Бургунди: Разлика помеѓу преработките
Создадена страница со: thumb|right|320px|The Roman empire under [[Hadrian (ruled 117-38), showing the location of the '''Burgundiones''' Germanic gro... |
(нема разлика)
|
Преработка од 17:29, 16 октомври 2009
Бургундите се германско племе кое потекнува од Јужна Норвешка. Во текот на 2 век п.н.е. тие започнале да се населуваат јужно од нивните територии, најверојатно на островот Борнхолм. Во текот на 1 век и 2 век, тие се населиле во областа пмеѓу реките Среден Одер и Долна Висла. Во 3 век, под притисок на гепиди|гепидите, се упатиле на југозапад кон река Мајна. Овде за прв пат се соочиле со Римската империја. За прв пат конфликтот се случил во времето на императорот Проб. Во текот на следниот век, тие се придвижиле и стигнале до местото каде реката Мајна се влива во реката Рајна, потчинувајќи ги алемани|алеманите. Од друга страна, римјаните се обидиле тоа да го искористат. Валентинијан I (364-375) склучил сојуз со Бургундите и ги вклучил против алеманите во околу 370 година.
Во 407 година вандали|вандалите, алемани|алеманите и свеви|свевите навлегле во Галија. Така, бургундите на чело со Гундахар го зазеле Мајнцм и заедно со аланите навлегле во Галија давајќи подршка на Јовин, кој се објавил против римскиот император Хонориј. Во 413 година, тие биле признаени од страна на Западната Римска империја за федералци и добиле територија во регионот на Вормс. Тогаш, тие го примиле и христијанството.