Топлина: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Брзо додавање категорија Физички величини (со користење на HotCat)
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Топлината''' се дефинира како [[енергија]] во преод којашто се регистрира (чувствува) и пренесува како резултат на температурната разлика. Топлината секогаш поминува од потопло на постудено тело, така што насоката на распространување е одредена со природен закон (вториот закон на [[термодинамика]]та).
 
Шкотскиот физичар [[Џејмс Клерк Максвел]], во неговото класично дело “Теорија на топлината“ од 1871 г., бил еден од првите кој се обидел да даде модерна дефиниција за топлина. Главно, Максвел истакнува четири одредби за дефинирање на топлината. Првата, дека тоа е “нешто што може да се префрли од едно тело на друго, што го претставува Вториот закон на [[термодинамика]]та. Второ, дека таа може да се смета за “мерлива големина“ и затоа може да се третира математички како останатите мерливи големини. Трето, таа “не може да се третира како супстанца“; таа може да се трансформира во нешто што не е супстанца, на пример, механичка работа. Најнакрај, таа е “една од формите на енергијата“.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Топлина