Разлика помеѓу преработките на „Религија во Босна и Херцеговина“

с
с
До [[10 век]], поголемиот дел од населението на [[Босна]] било [[паганство|паганско]], иако [[Херцеговина]] го примила [[христијанство|христијанството]] доста порано. Се верува дека првата свештеници биле испратени овде од страна на [[Рим]]. Меѓутоа, во првата половина на [[10 век]], по заземањето на [[Босна]] од страна на [[Србија]], таа била потчинета на [[Цариград]]. Во [[1080]] година, во [[Босна]] била отворена првата католичка епархија. Во времето кога оваа територија била дел од [[Византија]], повторно поголемиот дел од населението го сочинувале православните христијани.
 
Првиот турски напад врз босанско земјиште се случил во [[1388]], а веќе во [[1448]] година [[Османлии|Турските Османлии]] го зазеле поголемиот дел од централна [[Босна]] околу населбата [[Врхбосна]]. Во [[1463]] година се случила една од најголемите битки помеѓу кралот [[Стефан Томашевиќ]] и турскиот [[султан]] [[Мехмед II]], во која Османлиите издвојувале голема победа. По зазимањето на Босна и Херцеговина од страна на Османлиите започнал процесот на [[исламизација]]. Така, во [[1520]] година, во[[ Босански Санџак|Босанскиот Санџак]] 38,7% од вкупното население на земјата било муслиманско.
 
Во [[1624]] година, албанскиот свештеник [[Петер Масаречи]] напишал дека во [[Босна]] живеат околу 150 000 католици, 75 000 православни верници и 450 000 православни муслимани. По австриската победа над Османлиите, муслиманите од веќе загубените територии на [[Османлиска империја|Османлиската империја]] се населеле на овие простори. По истерувањето на Османлиите од овие простори и воведувањето на австриска власт, според пописот на населението во [[1879]] година на 42,88% било составено од православни христијани, 38,75% од муслимани, а 18,08% од католици.
 
== Религиозна демографија ==